„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
17.02.2025
Предлагачи група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на Предлог - законот е дополнување на одредба од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија” бр.136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/22, 129/23, 253/23 и 147/24) е менување на начинот на распределба на концесискиот надоместок за експлоатирана количина на минералната суровина во случај кога истата се преработува и/или се одлага јаловината од преработката на територија на друга општина од општината на чија територија се врши концесиската дејност, односно во тој случај Владата со одлука ќе го распредели концесискиот надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина помеѓу општината на која се врши концесиската дејност и општините на чија територија се преработува и одлага јаловината од преработката на минералната суровина. Изменувањето и дополнувањето на Законот, чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се засновна Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија“ бр.136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/22, 129/23, 253/23 и 147/24).