„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за работно ангажирање на лица по редовна постапка

18.02.2025

 Предлагачи Група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА

Целта на Предлогот на Законот за работно ангажирање на лица е да овозможи:

-Остварување на правата на лицата ангажирани по овој основ,

- Уредување на правата и обврските кои ќе произлегуваат од работниот ангажман,

-Задоволување на потребата од работна сила кај работодавачите,

- Формализирање на непријавената работа во секторите Земјоделство,

шумарство и рибарство, Објекти за сместување и сервисни дејности за храна и

Дејности на домаќинството како работодавач.

- Создавање поволно деловно опкружување, земајќи ги потребите на пазарот на

трудот,

- Дефинирање на работата од привремена и повремена природа во трудовото

законодавство,

- Уредување на поставеноста и функционирањето на регистарот за евиденција на

работно ангажирање и

- Зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси од

задолжителното социјално осигурување.

Донесувањето на Законот за работно ангажирање на лица ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, сузбивање на неформалната економија

и подобра контрола на спроведување на трудовото законодавство. Со овој пропис се регулира начинот на воспоставување на работни ангажмани со или без прекини кои ќе

имаат значајна улога за вклучување на одредени категории лица во рамки на формалната економија.