„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Порака од претседателот

РЕПОРТАЖА – „БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО НАЈДАРЕЖЛИВИТЕ“

03.07.2024

Пред неколки месеци добивајќи го извештајот за најголемите плаќачи на членарина во Стопанската комора на Северна Македонија, СКСМ, дојдов на идеја првите 50-тина компании да ги поканам на едно заедничко дружење. Морам да признам, чудни ми беа бројките и комбинациите меѓу фирмите кои доаѓаат од различити сектори. Средбата или „БИЗНИС ДРУЖЕЊЕТО СО НАЈДАРЕЖЛИВИТЕ“, се одржа пред две вечери во комплексот Белви, Скопје, настан на кој покрај претставници на 50 компании беа и членовите на Управниот одбор и вработените во Комората.

Настанот беше беспрекорен и во рамките на нашите можности. Но очигледно и интересен за членките бидејќи останаа до крај. Забавниот дел им беше доверен на музичката група Фрајле и на Ѓоко Танески (одличен 5). Храната и пијалоците на Македонија Турист, подржани од Тиквеш (одличен 5). Другото беше оставено на времето кое навистина беше изненадувачки жешко. Ако треба да кажам во една реченица, ќе кажам тоа беше одличен настан.

 

 

Даниела Михајловска Василевска организираше велемајсторски, а гостите домаќините и музиката функционираа во една хармонија.

 
 

 

Да ги споменеме и нашите аматерски сликари Васко Ристовски и м-р Анета Димовска кои се погрижија нашиот претседател и добитниците да се чувствуваат горди. Фала им.

 

Погледнете дел од фотографиите за да добиете целосен приказ

во она што се случуваше
 

Како и на секој прием пристигнав прво јас како домаќин, но изненадувањето беше огромно кога точно во 18 часот се појави силната директорска екипа на ЕВН Халкабанка, Тиквеш и Макстил.

Интересен е фактот што вечерта помеѓу 50 фирми најмалку 10 тина беа грчки, но и „Македонски телеком“ АД, „МАКСТИЛ“ АД,  „Бучим и Боров дол“.

 

 

Свето Јаневски како и обично прв дојде да честита, а донесе и вино од исклучително признаен квалитет. „М6 едукативен центар“, „ВАБТЕК“, „НЕКСТСЕНС“, беа дел од друштвото најуспешни компании наши членки, присутни на настанот. 

 

 

 

Глигор Цветанов актуелен потпретседател на Комората, прогресивен менаџер добар другар за кого ќе се слуша и понатака

 
Харемот на Претседателот, беа коментарите на присутните, но и Харемот на претседателот и гласот на претседателот

 _fcksavedurl=

 

А за убавиот амбиент во хотелот Белви во кој го реализиравме дружењето говорат самите слики од амбиентот

но и музичките зведи Ѓоко Танески

 _fcksavedurl=

и групата ФРАЈЛЕ

Но, и во оваа група компании, помеѓу успешните има најуспешни и токму на таквите и ние им одадовме посебна благодарност подарувајќи им на трите први по една уметничка слика од нашите вработени, кои се занимаваат со сликарство во слободно време.

Уметнички слики подаривме на: 
РЕК БИТОЛА   

 

ЕВН МАКЕДОНИЈА

 

И МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

Неколку часовната забава беше одлична можност со добро вино и ладно пиво за неформално вмрежување на компаниите, меѓу себе но и со колегите од Комората.

  

 

 

 

 

 

 

И секако забавата не би била забава, ако ги нема новинарите, нашите пријатели кои не следат во сите предизвици, иницијативи и дилеми кои ги споделуваме во јавност.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора