„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Градежништвото денес- како да се врати изгубениот сјај и лидерската улога на градежништвото во развојот на економијата

28.11.2024

Во интервјуто за Bloomberg Adria, Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија, ја нагласи важноста на учеството на домашните градежни компании во проектите за изградба на автопатишта, особено на коридорите 8 и 10Д. Серафимовски истакна дека 2023 година беше една од најтешките за секторот, со сериозни предизвици како што се недостиг од работна сила, високи трошоци и недостиг од развојна политика во вид на обезбедување фронт за работа за домашните градежни компании.

Во контекст на идниот развој, тој истакна дека учеството на домашните компании во големите инфраструктурни проекти е клучно за економскиот напредок на земјата и за повторното враќање на градежништвото како сектор кој во минатото беше мотор на економијата со своето учество во домашниот бруто-производ. Дополнително, Серафимовски зборуваше и за значењето на работата на македонските градежни компании на странскиот пазар, каде што тие се натпреваруваат со меѓународни играчи, развивајќи свои капацитети и вештини кои ќе им помогнат да ги зајакнат своите позиции и на домашниот пазар.