„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

МАРКЕТИНГ НА КОРПОРАТИВНИ ESG ИНИЦИЈАТИВИ 04.03.2025 година (вторник) 10:00 – 15:00 часот

12.02.2025 - 03.03.2025 , Обука

Сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија

Еднодневниот семинар се фоксуира ефикасна комуникација на ESG иницијативите на компаниите. Семинарот има за цел да ги запознае посетителите со потребата од соодветна комуникација на ESG иницијативитите сѐ со цел нивна поголема видливост пред целната публика. По завршувањето на семинарот, посетителите ќе имаат основни познавања и искуство од практична вежба за креирање на комуникациски план за ESG иницијатива, како и подетално разбирање на самата ESG тематика и нејзините сегменти.

Ефикасното интегрирање на ESG иницијативите во маркетинг стратегиите станува сè позастапено кај компаниите, но нивото на имплементација во најголемиот дел од локалниот пазар сè уште останува основно. Брендовите често се фокусираат на едноставни објави на социјалните мрежи за нивните еколошки или општествени ангажмани, без претходна анализа на нивното реално влијание и релевантност за целната публика.

Бројни компании одлучуваат да комуницираат ESG теми кои во моментот се „трендинг“ без стратегиски пристап и без јасно дефинирани бизнис и маркетинг цели. За да се создаде успешна ESG маркетинг комуникација, неопходно е длабинско разбирање на вистинските вредности на брендот, избор на соодветни комуникациски канали и дефинирање на содржина која автентично ја пренесува ESG активацијата.

На овој семинар ќе бидат дискутирани ефикасни пристапи за интеграција на ESG во маркетинг стратегиите, како и практични методи за создавање релевантна и влијателна содржина. Преку реални примери и интерактивна вежба, учесниците ќе научат како да изградат автентични ESG наративи кои во вистинско светло ќе ги претстават ESG напорите на нивните компании пред целната публика.

Семинарот е соодветен за претставници на комуникациски, маркетинг и HR сектори, задолжени за промотивната комуникација на компаниите во кои работат.

Посетителите е неопходно на семинарот да понесат лап топ поради активно учество во практичниот дел.

 
ПРОГРАМА
I дел: Вовед во ESG

·        Запознавање

·        Дефинирање на поим ESG

·        Дефинирање на секој од сегментите на ESG

·        Значење на ESG во корпоративно работење

·        Студии на случај регионални и интернационални брендови

 

II дел: Улога на маркетингот во ESG

·        Клучни сегменти за успешна ESG комуникација

·        Правилна комуникација на ESG

·        Најчести грешки во ESG комуникација според студии на случај

·        Практична вежба: Пополнување на Check-листа – анализа на моменталната ESG комуникација на компаниите на учесниците

 

III дел: Практична групна вежба – изработка на ESG маркетинг план по дадена студија на случај

·        Анализа на зададената студија

·        Дефинирање на целна публика и клучни стејкхолдери

·        Дефинирање на клучна порака

·        Избор на комуникациски канали

 

IV дел: Практична групна вежба – изработка на ESG маркетинг план по дадена студија на случај

·        Развој на интерни и екстерни комуникациски пораки

·        Анализа и следење на успех

·        Дефинирање на следни чекори

·        Презентација и заедничка анализа на креирани решенија

 
Предавач:   

Ива Дујак Ѓурѓиќe Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 15 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, бројни невладини организации и академии.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

-        работни материјали во електронска верзија;

-        ручeк и освежување;

-        сертификат за учество на семинарот.

 

 

Последен рок за пријавување: 28 февруари 2025 година.

Контакт лица:

м-р Михајло Донев,

Телефон+ 389 2 3244067

mihajlo@mchamber.mk                                                                        

 
м-р Анита Рафајловска
Телефон: 02 32 44 057

anita.mitrevska@mchamber.mk