„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

„СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ (SALES CLOSING), КАКО ДА СЕ ПРИВЛЕЧЕ И ЗАДРЖИ ДОБАР ПРОДАЖЕН КАДАР” – 25.3.2025 година

20.02.2025 - 24.03.2025 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија сала 4 на 5-ти кат

 Продавачите во претпријатијата се тие кои мораат да дадат гол.

Често се случува баш тие да ја изгубат топката и на крајот на продажниот разговор клиентот да им соопшти: Ќе размислам уште малку! Морам да разговарам сo одговорните, со шефот, соработниците,…. Пратете ни понуда по е-маил,…Ќе Ви се јавиме…”.

 
- Знаете, од клиентите речиси никогаш нема да доибете повратен повик.
 

Таквите изговори на клиентот никогаш не се вистинска причина зошто за да не купат кај Вас.

 

Во претпријатијата најчесто склучуваат продажба само 10% од клиентите со кои ќе дојдете во контакт.

 

Заради неразбирањето на продажната постапка продавачот на продажниот состанок често импровизира, поради што резултатот е несигурен.

 

По секој деловен разговор продавачот мора кристално јасно да знае, зошто бил успешен – или неуспешен!

Доколку од некоја причина не бил успешен, проблемот е ист како и кога би бил успешен, и тој мора да знае зошто!

 

Постои голема разлика помеѓу продажбата и склучувањето. Склучувањето значи клиентот да купи и плаќа кај Вас. Доколку продавате погрижете се и нешто да заработите.

 

Продажбата ќе Ви донесе пари само доколку продажниот разговор знаете да го склучите. Во спротивно клиентот ќе си замине кај конкуренцијата. 

 

Кога ќе го разберете склучувањето ќе утврдите дека многу работи имате работено „обратно“. Купувањето е емотивен чин. Доколку продажниот разговор го започнеме со потенцирање на предностите на продуктот, клиентот набрзо ќе Ве праша: „Колку чини тоа?”, и каква и цена да им дадеме ќе ни одговорат „Скапо е„.  И тоа е моментот кога влегуваме во проблеми бидејќи почнуваме да се бориме со клиентот.

 

Продажбата не е „мека„ вештина. Продажбата си има свои правила и доколку продавачот ги научи може да склучи и до 80% од продажните преговори.

 

При правилното склучување кај клиентот може да се види задоволство. Кога ќе купи некој од Вашите производи или услуги станува имун на конкуренцијата и ќе започне да Ве препорачува на другите.

 

За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 25 март 2025 година организира семинар на тема СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ (SALES CLOSING), КАКО ДА СЕ ПРИВЛЕЧЕ И ЗАДРЖИ ДОБАР ПРОДАЖЕН КАДАР“

 
 
Обуката е наменета за:
  • сопственици на компании и управители, кои сакаат нивната компанија да расте и самите се активни во продажбата;
  • директори и менаџери на продажба;
  • продавачи, кои сакаат да стекнат вештини за водење на продажба и да заработат повеќе,
  • за сите останати кои не сакаат повеќе да импровизираат на продажните состаноци, односно сакаат да достигнат ниво кога клиентот самиот ќе се одлучи да купи кај нив.
 
Акцент на обуката:
  • 5 точки на правилниот распоред при склучувањето;
  • Обликување на свесно - тактично склучување;
  • Преговорите нема да бидат препуштени на случајност или интуиција, бидејќи ќе течат според точно определено сценарио;
  • Ефикасно владеење на изговорите;
  • Зголемување на разбирањето и Вашата фокусираност при склучувањето на продажните преговори;
  • Зголемување на приходите и ефикасноста на продавачите.
  • Важноста на точната проценка (евалуација) на вашиот продажен кадар – Кои особини треба да ги поседува еден продавач
 
ПРОГРАМА:
 
I дел:
 
  • Пазарот се има сменето и старите техники на продажбата не делуваат повеќе.
  • Што е разликата помеѓу продажбата и склучувањето на продажни преговори?
  • Кои механизми функционираат во клиентот, кога мора да донесе одлука за купување?
  • Зошто во продажбата важат законите на физиката?
 
II дел:
 
  • Зошто клиентот одговара со “Ќе размислам…”, “Ќе Ви се јавам…”, “Пратете ми понуда по е-маил…”?
  • Што може да тргне наопаку кога ќе испратите понуда по е-маил?
  • Како правилно да ги совладате изговорите на клиентот?
  • Вежба: Совладување на изговорите на клиентот.
 
III дел:
 
  • 5 точки на склучувањето (стратегија)
  • Како соговорникот ефикасно да го подготвиме на соработка.
  • Како успешно можеме да склучиме и до 80% од продажните преговори?
  • Која е најважната особина на продавачот?
  • Како да го задржиме продавачот во претпријатието – што треба да постигнеме за да развиеме соодветно задоволство на двете страни?)
 
IV дел:
 
  • Практични примери на успешно склучување на продажните преговори.
  • Како да се мотивираме себеси при работа во продажбата?
  • Како да го избереме нашиот продажен персонал (и останатиот кадар)
  • Зошто е важна професионална евалуација на кадарот?
  • Зошто е важно да се инвестира во обука на кадри?
  • Кои се најголемите „ѕвезди“ во компанијата?
  • Заклучни согледувања.
 
Предавачи:

Драган Шибанц, специјалист за склучување на продажни преговори и нивна реализација. Драган е меѓународен тренер, консултант, автор и судски преведувач. Повеќе од 18 години е сопственик и управител на компанија која се занимава со бизнис консалтинг и преведување. Пред 15 години како прво претпријатие во Словенија започнал со воведување на стандарди и организациска структура која самото претпријатие го понела кон успех. Склучувањето на продажните преговори како систем го користи од 2015 година. Во тој период неговото претпријатие забележало раст од преку 90%.

Консултант е на многу микро и средни домашни и странски претпријатија, а системот на склучување на продажни преговори за прв пат го донесе и во Македонија, а тековно работи на подготовка на книгата „За претприемништвото, малку поинаку“, која ќе биде преведена и на македонски јазик.

 
Работен јазик: македонски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

-        работни материјали во електронска верзија;

-        ручeк и освежување;

-        сертификат за учество на семинарот.

 

Последен рок за пријавување:  19.3.2025 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев,

Телефон: + 389 2 3244067
mihajlo@mchamber.mk                                                                        
 
м-р Анита Рафајловска
Телефон: 02 32 44 057