„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.02.2025 - 24.02.2025 , Инфо сесија
ПСМ инкубатор, 16та Македонска бригада 13б, Скопје
Доколку сте сопственик на мало или средно претпријатие (МСП), стартап или претприемач со иновативни идеи, пријавете се за учество на две инфо-сесии, кои ќе ви помогнат да го откриете потенцијалот на програмата Хоризонт Европа и да ги разберете можностите за финансирање преку Европскиот иновациски совет (EIC).
Двете инфо-сесии се дизајнирани да ви понудат клучни информации и практични совети, без разлика дали сте почетник или веќе имате искуство со програмата.
Инфо-сесии: Пристап до финансии и успешна апликација за EIC грантови – МИР фондација
Дали сте сопственик на МСП, стартап или претприемач со иновативни идеи?
- овие инфо-сесии се вашиот клуч за разбирање на можностите за финансирање преку Хоризонт Европа и Европскиот иновациски совет (EIC)! 🏆
🌍Инфо-сесија 1: „Можности за пристап до финансии за МСП под програмата Хоризонт Европа – Европски иновациски совет“ – 24.2.2025, во 11 часот,
Место: ПСМ инкубатор, 16та Македонска бригада 13б, Скопје
✅ Научете за Хоризонт Европа и нејзините механизми за финансирање
✅ Разберете како функционира Европскиот иновациски совет (EIC) и неговите гранки EIC Pathfinder, EIC Акцелератор и EIC Transition
✅ Откријте дали вашата идеја е соодветна за финансирање
🎯 Инфо-сесија 2: „Европски иновациски совет – Како до успешна апликација“– 10.3.2025, во 11 часот
Место: ПСМ инкубатор, 16та Македонска бригада 13б, Скопје
✅ Разберете како да ја подготвите победничката апликација
✅ Добијте практични совети за финансирањето преку EIC
✅ Направете ги крајните чекори кон успешна апликација.
📢 Местата се ограничени! Пријавете се денес со пополнување на следниот формулар: https://lnkd.in/dpKBMvZF
📖 Прочитајте повеќе на следниот линк:https://lnkd.in/dNC_cUdT
Фондација за менаџмент и индустриско истражување, во рамки на мрежата Enterprise Europe Network и со поддршка на Министерството за економија и труд, ги организира двете инфо-сесии кои ќе ви помогнат да го откриете потенцијалот на програмата Хоризонт Европа и да ги разберете можностите за финансирање преку Европскиот иновациски совет (EIC). Двете сесии се дизајнирани да ви понудат клучни информации и практични совети, и доколку сте почетник и доколку веќе имате искуство со програмата.