„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација на небанкарски финансиски друштва

Главен приоритет на Групацијата на финансиски друштва е  идентификување на предизвиците кои се однесуваат на финансиските друштва со цел изнаоѓање сеопфатни решенија што резултираат со создавање основа за поуспешно работење на компаниите од овој сектор, како и воведување нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на финансискиот систем, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни.

Една од целите на Групацијата ќе биде и креирање стратегија за развој на „финтек“ индустријата заедно со надзорните органи и законодавецот и промовирање на можностите што ги даваат небанкарските финансиски технолошки решенија, кои ќе бидат од корист на поединците и општеството во целост.

Претседател на Групацијата е избран Никола Јошевски, директор на „СН Финансии“, а за потпретседатели се избрани Весна Прчковска, управител на ФД „Финансиски кредитен центар БС“ ДОО  - Скопје и ФД „ЕУРО МК“ ДОО - Скопје, како и Филип Димитровски, генерален директор на „Тиго Фајнанс“ – Скопје.


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Актуелни состојби во небанкарскиот финансиски сектор

Небанкарскиот финансиски сектор е заснован на употребата на финансиската технологија, а последниве години интензивно растеше глобално, но и локално се одрази тој тренд и во нашата земја. Финтек компаниите користат напреден софтвер, напредни маркетинг стратегии и онлајн технологии, создадени за безбедно и ефикасно доставување и доближување на финансиските услуги до клиентите и на овој начин истите ги прават подостапни од кога и да било претходно.

Кај нас, носител на развојот на финтек индустријата се финансиските друштва чие формирање беше правно овозможено во 2010 година со донесување на Закон за финансиски друштва, со цел тие да ја надополнат понудата на финансиски услуги на постојниот финансиски систем. Индустријата на финансиски друштва доживеа значаен пораст последниве години за што говорат зголемениот број на одобрени кредити, висината на пласираните средства и бројот на друштва кои даваат вакви услуги, отсликувајќи ги потребите и движењата на побарувачката на пазарот за потребата за пристап до финансии, притоа обезбедувајќи пристап до финансирање за физичките лица и малите комапнии на кои не им се достапни кредитите од традиционалните финансиски институции. Во моментот во нашата земја се регистрирани 28 финансиски друштва.

НБФИ секторот во нашата земја е „најмладиот“ сегмент на финансискиот сектор, кој иако брзо расте, сé уште има мал удел како во вкупните средства на финансискиот систем, така и во вкупното портфолио на кредити, за што говори и податокот од 0,44% учество во вкупните финансиски средства

Податоците покажуваат дека НБФИ на годишна основа, сметано за 2019 година, имаат економско влијание од околу 804 милиони денари, а тука влегуваат сите матерјални трошоци, трошоци за услуги, вработени и јавни давачки.

Дополнително, придонесот на НБФИ во државната каса изнесува околу 138 милиони денари на годишна основа. (2019 г.)

Индустријата на небанкарските финансиски друштва вработува околу 1.000 луѓе, претежно млад кадар, а годишните трошоци за вработени во оваа индустрија, согласно податоците за 2019 г. изнесуваат околу 245 милиони денари.

Податоци за дејноста

И покрај забележителниот раст на активностите на финансиските друштва, нивното значењето за севкупната финансиска стабилност, од аспект на обемот на нивните активности249 и на поврзаноста со останатите сегменти од финансискиот систем е мало (кредитите коишто финансиските друштва ги користат од домашните банки зафаќаат 0,02% од активата на банкарскиот сектор и 4,3% од изворите на средства на финансиските друштва). Според видот на активностите коишто ги вршат, финансиските друштва би требало да претставуваат еден вид дополнување на кредитната активност на банките и штедилниците, особено за клиентите коишто имаат ограничен пристап до кредитите на банките поради нивните поконзервативни кредитни политики. Активностите на финансиските друштва опфаќаат „брзо“ одобрување кредити на мали износи, но со исклучително високи трошоци во најразлична форма (камата, провизии и други надоместоци). Со последните измени на Законот за заштитата на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит од јануари 2019 година, се ограничи максималната висина на стапката за вкупните трошоци на кредитот (СВТ) и се уреди обврската за давателите на потрошувачки кредит да ја пресметуваат и да ги информираат корисниците на кредити за неа. Согласно со одредбите од овој закон, максималната висина на СВТ може да биде најмногу петпати повисока од стапката на законската казнена камата утврдена согласно со Законот за облигационите односи (СВТ за првото полугодие од 2019 година не може да изнесува повеќе од 52,5%). Исто така, со измените на овој закон се промени и неговиот опфат, за да ги опфати сите потрошувачки кредити, односно и оние на износ под 200 евра во денарска противвредност коишто беа изземени од основниот закон. Преку овие две измени во суштина се изврши регулаторно доуредување насочено директно кон финансиските друштва и ограничување на можностите да кредитираат ниски износи (надвор од законскиот опфат) и со многу високи надоместоци.

Според расположливите информации по датумот на овој извештај, односно по започнувањето со примената на посочените законски измени, некои од овие друштва сепак и натаму наплатуваат многу високи надоместоци на одобрените кредити. Поради ова е потребно натамошно зајакнување на регулаторната рамка за овие институции. Засега обемот на кредити коишто тие ги одобруваат не е голем во рамки на вкупниот долг на домаќинствата и корпоративниот сектор, каде што зафаќаат 0,9% и 0,2%, соодветно и не претставуваат ризик за висината на вкупниот долг на овие два сектора во целина. Сепак, ризикот е доста поголем за поединечните корисници на овие скапи кредити, особено за поединечни физички лица.

 Во 2018 година, бројот на лиценцирани финансиски друштва се зголеми за три250 во споредба со претходната година и изнесува дваесет и две. Продолжи експанзијата на активностите на овие друштва, чии вкупни средства во споредба со 2017 година забележаа раст од 639 милиона денари, или за 30,9%251 (107,6% во 2017 година). Во рамки на активата, највисок е придонесот на краткорочните кредити (84,5%)252. Растот на активностите е поддржан од растот на останатите краткорочни и долгорочни обврски253. Експанзијата може да се воочи и преку бројот и вредноста на новосклучените договори, особено кај физичките лица.

Извор: ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО 2018 ГОДИНА - Народна банка на Република Северна Македонија

КОНСТИТУИРАНА ГРУПАЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА


Дефинирани целите и приоритетите за развој на „финтек“ индустријата

На 9.10.2019 година во Стопанската комора на Македонија, на седница во рамките на Здружението на финансиски организации, беше формирана Групацијата на финансиски друштва. На конститутивната седница беа разгледувани и усвоени Правилата за организацијата  и начинот на работа, а воедно се избраа и органи на Групацијата.

Имено, за претседател на Групацијата е избран Никола Јошевски, директор на „СН Финансии“, а за потпретседатели се избрани Весна Прчковска, управител на ФД „Финансиски кредитен центар БС“ ДОО  - Скопје и ФД „ЕУРО МК“ ДОО - Скопје, како и Филип Димитровски, генерален директор на „Тиго Фајнанс“ – Скопје.

Главен приоритет на Групацијата на финансиски друштва е  идентификување на предизвиците кои се однесуваат на финансиските друштва со цел изнаоѓање сеопфатни решенија што резултираат со создавање основа за поуспешно работење на компаниите од овој сектор, како и воведување нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на финансискиот систем, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни.

Една од целите на Групацијата ќе биде и креирање стратегија за развој на „финтек“ индустријата заедно со надзорните органи и законодавецот и промовирање на можностите што ги даваат небанкарските финансиски технолошки решенија, кои ќе бидат од корист на поединците и општеството во целост.

Заеднички беше констатирано дека на седниците на Групацијата на финансиски друштва е предвидено да се разгледуваат сите прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на сите тековни прашања и проблеми во дејноста, ќе се разгледуваат предлози на закони и други прописи и ќе се покренуваат иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на соодветните закони и прописи, ќе се работи на унапредување на бизнис климата во земјата, како и на унапредување на работењето на самите компании - членки.

Органите на Групацијата, заедно со сите членки во претстојниот период посветено ќе работат на утврдување на програмата за работа во 2020 година.

Правила за организацијата и начинот на работа на Групацијата на финансиски друштва  (Повеќе)

Никола Јошевски - Претседател на Групацијата на Финансиски друштва при Стопанска Комора на Македонија и Генерален директор и партнер во финансиското друштво  СН финансии
„ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА КАКО БАНКАРСТВОТО ОД СЕНКА ЌЕ БИДАТ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПОСТ-КОВИД КРИЗНАТА ИДНИНА“

План и програма за работа во 2020 година  (Повеќе)

Допис до членовите на Групацијата  (Повеќе)


Контакт лице: м-р Антонета Манова Ставреска
Проектен менаџер

Телефон: + 389 2 3244060
Е-адреса: antoneta@mchamber.mk