„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

АТА Карнет

e-ATA карнет – информации за корисници

 
Почитувани корисници на ATA карнети,

Во тек е глобалниот процес на дигитализација на ATA карнет системот, при што сè поголем број земји преминуваат кон дигитално спроведување на е-ATA карнет како дополнување на постојниот хартиен систем.

Во транзицискиот период кој ќе трае до 31.12.2027 година, хартиените и дигиталните ATA карнети ќе се користат паралелно, во зависност од дигиталната подготвеност на земјите вклучени во патувањето. Во Стопанската комора нa Северна Македонија, ATA карнетите продолжуваат да се издаваат во хартиена форма.

Сепак, компаниите и корисниците кои патуваат во земји каде што е воведен e-ATA системот треба навремено да се запознаат со новите процедури и со барањата за користење на дигиталниот ATA карнет, согласно правилата што ги применува конкретната  земја на пристигнување.

Важно:
Хартиените ATA карнети продолжуваат да важат и да се користат согласно постојните правила до истекот на нивната важност. Постепениот премин кон целосно дигитален систем ќе се одвива во рамки на глобалниот транзициски процес.

 

Како се користи ATA карнетот во транзицискиот период?

Сценарио 1: Патување меѓу земји кои користат хартиен ATA карнет

Во случај кога и земјата на извоз и земјата на привремен увоз користат хартиени ATA карнети, се користи само хартиениот ATA карнет.

Пример
Земја
Постапка
Северна Македонија

              Извоз со хартиен ATA карнет

Србија

              Увоз со хартиен ATA карнет

Северна Македонија

              Повторен увоз со хартиен ATA карнет

Царинската постапка останува иста како и досега.

Сценарио 2. Патување од „хартиена“ во „дигитална“ земја

При патување во земја која применува e-ATA процедури, корисникот може да има потреба од користење и на дигиталната верзија на ATA карнетот преку ATA Carnet App или ATA Carnet Desktop, согласно процедурите и барањата на земјата на пристигнување.

Пример
Земја
Вид на постапка
Северна Македонија

           Увоз со Хартиен ATA карнет

Грција, Германија итн
(земји со e-ATA процедури)

        Извоз со Дигитален ATA карнет (e-ATA)

 Важно:
Корисниците на ATA карнети издадени во Северна Македонија, кои патуваат во земји со воведен e-ATA систем, треба навремено да се информираат за потребните активности и можноста за користење на

ATA Carnet App и ATA Carnet Desktop.

Прирачник за користење на ATA Carnet App и ATA Carnet Desktop: PDF (подолу)

Сценарио 3. Патување со повеќе земји (хартиени и дигитални процедури)

Доколку патувањето опфаќа повеќе земји со различен степен на дигитализација, корисникот треба однапред да ги провери барањата и процедурите на земјите низ кои патува.

Пример
Земја
 Постапка
Северна Македонија

        Хартиен ATA карнет

Бугарија

       e-ATA процедура

Турција

       Хартиен ATA карнет

Северна Македонија

       Хартиен ATA карнет

 

Во вакви случаи, корисникот треба да биде подготвен за примена на различни постапки во зависност од земјата.

За дополнителни информации и насоки, Бизнис канцеларијата при Стопанската комора на Северна Македонија стои на располагање на сите корисници на ATA карнети

Стопанската комора на Северна Македонија подготви Практичен прирачник за користење на ATA Carnet App и ATA Carnet Desktop истиот можете да го преземете тука:

СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ БЕЗ ГРАНИЦИ - АТА КАРНЕТ

АТА-карнетот е меѓународен царински документ што покажува како може блиската соработка меѓу бизнисот и царината да доведе до функционална надворешна трговија.

АТА-карнетот е меѓународен царински документ што дозволува привремен увоз на стоки без царина и даноци за период до една година. Содржи претходно изготвени унифицирани обрасци од царински декларации што се користат на секоја гранична царинска испостава и служи како гаранција за царините и даноците. Иницијалите „АТА“ се скратеница од француските и од англиските зборови „Admission Temporaire/Temporary Admission“.

Накратко, АТА-карнетот ОЛЕСНУВА, ПОЕДНОСТАВУВА, ГИ НАМАЛУВА ТРОШОЦИТЕ и е БЕЗБЕДЕН.

АТА-картнетите ги намалуваат бирократските пречки преку поедноставување и унифицирање на царинските прописи за привремен увоз и извоз.

Без АТА-карнетот, привремениот влез на стоки би налагал да се поминуваат царинските постапки што секоја земја ги има поставено:

  • една царинска декларација за секое поминување на границата,
  • една кауција за царински давачки и даноци на секоја граница (готовина, банкарска гаранција...).

Со АТА-карнетот, излагачите, продавачите, уметниците, спортистите, телевизиските екипи, техничките стручњаци, учесниците на настани и луѓето на службени патувања може:

  • да поминуваат царина без да плаќаат увозни давачки, даноци на секоја царинска испостава на граничните премини,
  • да користат единствен унифициран документ за сите декларации дома и во странство,
  • да користат еден документ за повеќе дестинации и патувања во рамки на таа една година важност,
  • однапред да склучат царински договори со претходно определени трошоци.

АТА-карнетите покриваат речиси се', меѓу кои и:

  • стоки за трговски саеми, приредби, изложби,
  • професионална опрема,
  • комерцијални примероци,
  • лични нешта и стоки за спортски намени.
  • Плаќањето царински давачки и даноци и приложувањето залог обично се врши за време на увозот во секоја поединечна земја што се посетува (ова може да биде гаранција за привремен увоз, готовинска уплата за царински давачки/даноци или капитал на чување кај странска царина). Исто така, можно е да има потреба од носење големи суми на девизи.
  • Се пополнува документација на секој царински премин дома и во странство, што води до неизбежни јазични бариери, подолго време за обработка и поголеми шанси за грешки при обработката.
  • Се потпишува мноштво документи, декларации и спогодби за секоја земја што се посетува, секоја со различни правила, различно дозволено време и разни други услови.
  • Секоја царина има посебни давачки и безбедносни барања што може да доведе до дебела цена за плаќање штом сe' се собере.

Штом се стекнете со АТА-карнетот, ќе добиете различно обоени листови хартија и посебни комплети од т.н. талони и купони. Талоните играат улога на потврда за влез и повторен извоз во странски земји и остануваат кај странските цариници. Купоните добиваат печат од странските царински служби и служат како потврда за носителот на карнетот.

Посебните бои ви укажуваат кој треба да го изврши соодветниот талон и купон, дали царината при привремен влез (бела) или царината при извоз (жолта). Понекогаш ќе имате сини листови ако само треба да преминете (транзит) низ територијата на некоја царина.

Не заборавајте да го прикажете АТА-карнетот на царината штом поминувате граница и пополнете ја декларацијата. Има неколку правила што треба да се следат за да се избегнат давачки и побарувања:

  • вратете ја стоката во вашата земја во истата состојба како што ја напуштила,
  • погрижете се да не оставите или измените нешто во странската земја,
  • почитувајте го рокот на важност на вашиот карнет и крајниот рок за повторен увоз и повторен извоз што ви го дале царинските власти дома и во странство,
  • исто така, следете ги упатствата што ќе ви ги даде издавачот на АТА-карнетот.
  • АТА карнети издава и заверува Стопанската комора на Северна Македонија која од 1 јули 1998 година стана 54-ти член на гарантниот синџир формиран врз основа на АТА-карнети во Меѓународното биро на стопанските комори во Париз.
  • Истите се прифатени во околу 80 земји/царински територии, а се издаваат на ниво на држава.
  • За издавање на АТА карнет потребно е да регистрирате и поднесете барање преку новиот дигитален портал на Стопанската комора на Северна Македонија.
  • По поднесувањето на комплетирано барање, карнетот се издава во рок од два дена, со минимум трошоци и формалности.

Упатството за користење на АТА карнетот може да го симнете на следниот линк или да го скенирате то Вашиот паметен телефон

Упатство за користење на АТА Карнет

Доколку сакате, можете да направите и пресметка на потребниот износ за користење на АТА Карнетот на следниот линк:

* НАПОМЕНА: По доставеното Барање од Ваша страна,официјална пресметка за уплата на надоместокот за изработка на АТА карнетот ќе биде испратена на Вашата регистрирана електронска адреса.

* * Според Процедурите на Стопанската комора на Северна Македонија за приложување на гаранција/депозит за издавање на АТА карнет од 01.11.2007 година, подносителот е должен да депонира финансиска гаранција во висина од 1/3 (една третина) од вкупната вредност на опремата прикажана согласно поднесокот за издавање на АТА карнетот. Откако АТА карнетот ќе биде регуларно искористен со сите печати од Царината на РСМ и царините на странски земји, истата се ослободува и враќа на депонентот.

 

 
 
БИЗНИС КАНЦЕЛАРИЈА - Скопје
Контакт: Елида Силјаноска
Моб: 070 230 964
Тел: ++ 389 2 3244072
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: elida@mchamber.mk
Контакт: Горазд Милевски
Тел: +389(02) 3244039
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: gorazd@mchamber.mk
Контакт: Сузана Илиеска
Тел: +389 (02) 3244049
Мобилен: +389 71 382 189
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: Suzana.Ilieska@mchamber.mk
Контакт адреса:
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје