„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација на бањи

01.02.2017 година

Групацијата на бањи во рамки на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на која се разговараше за тековните активности на бањите, како од аспект на здравствената дејност која ја вршат така и од аспект на позицијата дека стануваат се по препознатлива дестинација и за туристите. Во таа насока членките на групацијата констатираа дека во следниот период ќе работат многу повеќе на афирмација на бањите и како место за одмор и рекреација, нудејќи спа и велнес содржини, за рекреација, а не само како дел од болничко лекување. Во Македонија во моментов во функција се 4 бањи Негорски во Гевгелија, Цар Самуил во Струмица, Катлановска бања во Скопје и во Дебар, Бања Баниште и Косоврасти.
На седницата на групацијата беше избрано и ново раководство, бидејќи на старото, согласно Правилата за организација и начинот на работа на Групацијата на бањи му истече мандатот од 2 години. За таа цел за нов претседател на Групацијата на бањи беше избран Трим Кемаљи од Дебарски Бањи, а за заменик досегашниот претседател на групацијата д-р Мишо Михајловски.

Бањите во Македонија со потенција за развој на туризмот

Во рамките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, се формира Групација на бањи со цел: разгледување прашања во врска со решавањето на тековните проблеми во дејноста на бањите; разгледување предлози на закони и други прописи, давање мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренување иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите; соработка со надлежните органи и институции во земјата согласно Законот и со општите акти на Комората и застапување интересите на членовите на Групацијата; координација на активностите за организиран настап на членовите на семинари, конгреси и други манифестации во земјата и во странство; поттикнување на имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста и други активности што заеднички ќе ги договорат членките на Групацијата.

На конститутивна седница на 23.4.2017 година се донесоа Правилата за работа на Групацијата на бањи и Програмата за работа за 2012 година, а за претседател е избран Др. Мишо Михајловски од Катлановска бања.

- Катлановска бања, Катланово,Скопје, Др. Мишо Михајловски, претседател
- Негорска бања, Негорци, Гевгелија, Лазар Самарџиев, потпретседател
- Дебарски бањи - Цапа, Дебар, Меџит Цапа, потпретседател
- Цар Самуил, Банско, Струмица, Добрин Андонов, потпретседател


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Бањите во Македонија, претставуваат модерни здравствени и туристички центри. Се користат пред се за продолжен третман и рехабилитација на пациенти во модерно опремени простории за сите видови на терапија од полето на физикална медицина и рехабилитација.

Групација на бањи во рамките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонијасо има за цел разгледување прашања во врска со решавањето на тековните проблеми во дејноста на бањите; разгледување предлози на закони и други прописи, давање мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренување иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите; соработка со надлежните органи и институции во земјата согласно Законот и со општите акти на Комората и застапување интересите на членовите на Групацијата; координација на активностите за организиран настап на членовите на семинари, конгреси и други манифестации во земјата и во странство; поттикнување на имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста и други активности што заеднички ќе ги договорат членките на Групацијата. 4 бањи се членки на групацијата во рамки на Комората

- Дебарски бањи - Цапа, Дебар, Трим Ќемали, претседател
- Катлановска бања, Катланово,Скопје, Др. Мишо Михајловски, потпретседател
- Негорска бања, Негорци, Гевгелија, Коста Костовски, член
- Цар Самуил, Банско, Струмица, Добрин Андонов, член

⮞ Трим Ќемали,  Претседател, ДЕБАРСКИ БАЊИ - ЦАПА, Дебар

⮞ Мишо Михајловски,  Заменик претседател, Катлановска Бања, Скопје

⮞ Горан Митров, ЦАР САМУИЛ, Струмица

⮞ Коста Костовски, НЕГОРСКИ БАЊИ, Гевгелија

Групацијата на бањи во рамките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, го анализираше новиот  Правилник за специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, кој се применува од 01.10.2014 година („Службен весник на РМ“, бр.141 од 24.9.2014 година).
Имајќи предвид дека бањите ќе имаат дополнителни трошоци согласно новиот Правилник кој предвидува континуирано спроведување на специјализираната медицинска рехабилитација и за време на викенди и празници (член 13, став 2 од Правилникот), како и поради примената на природни лековити фактори – термоминерална вода (член 13, став 3 од Правилникот), Групацијата на бањи при Комората на состанокот одржан на  19.12.2014 година, донесе Заклучок да побара зголемување на цената на болничкиот ден со примена од 01.01.2015 година, а кое се темели на сеопфатната анализа на трошоците на бањите за целосна примена на Правилникот за специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување. 

Даниела Михајловска Василевска

Групацијата на бањи во рамки на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, на 05.05.2014 година одржа седница, на која покрај другото, се разгледуваа извештаите од извршените контроли на Фондот за здравствено осигурување. Во врска со тоа се констатира дека во извештаите се нотирани забелешки и неправилности во работењето на бањите за 2013 година, иако за дел од забелешките, редовните контроли за минатата година, како и за претходните години не укажуваат за неправилности во работењето, за што беше доставен и официјалне допис до Фондот за здравествено осигурување на РМ.

За таа цел, а во насока на надминување и разрешување на настанатите состојби, членките на Групацијата на бањи донесе заклучок да иницира средба со менаџментот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Даниела Михајловска Василевска


Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Проектен менаџер во Стручната служба

Телефон: +389 (02) 3244021
Мобилен: 072 220 037
Е-адреса: daniela@mchamber.mk