„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација на производителите и преработувачи на месо

Во Групацијата за преработка на месо и производство на преработки од месо членуваат правни лица чија основна дејност е фокусирана на производство на јајца.

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
- согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали и пласман на производството;
- заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Гоце Трајчев-МИК Свети Николе, Свети Николе


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА

Во Република Македонија постојат околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, чии капацитети во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Денес домашната месна индустрија се карактеризира со големи вложувања, нови објекти, машини, технологии за преработка. Таа работи профитабилно, за разлика од други гранки кои генерираат загуби, вработува и обучува луѓе и има свој тим технолози, така што освен консултативна помош, не се ангажираат странски технолози. Според тоа, може да се заклучи дека во земјава егзистира месна индустрија која во ништо не заостанува зад месните индустрии од соседните држави, а во одредени сегменти дури и ги надминува.
Еден од основните проблеми со кои се соочува месната индустрија во Македонија е недостатокот на суровини за преработка. Производството на свинско месо е недоволно за да ги задоволи потребите на пазарот за свежо месо, поради што домашните производители се принудени да увезуваат свежо месо како суровина при што се изложени на високи царински давачки. Сите видови на свежо или замрзнато месо за преработка од увоз се оптоварени со царини иако земјава е дефицитарна по таа основа. Од друга страна, постои бесцарински увоз на готов производ од страна на земји со кои се склучени билатерални договори како што се Србија и Црна Гора, Хрватска и БиХ, од кои во земјава влегува 1.900 тони готов производ секоја година без царина. Со тоа, домашните производители се ставени во нерамноправна положба, па наместо македонските производители да станат извозници, се борат за задржување на домашниот пазар.
Производството и производствените капацитети мора да исполнуваат одредени стандарди кои гарантираат висок квалитет на крајниот производ. Стандардите под кои се произведува се во рамките на законската регулатива, а во некои сегменти се многу над неа, поради нејзиното константно ревидирање што е насочено кон примена на поригорозни стандарди за квалитет и имплементирање на системот за контрола GMP, кои во принцип се чекор понапред кон воведување на HACCP-системот. Самите производители си наметнаа повисоки стандарди свесни дека со отварање на пазарот треба да се подготват за конкуренцијата што доаѓа. Самиот знак за квалитет гарантира дека производите се добри, подлежат на постојан мониторинг за квалитет и како такви се препознаваат од потрошувачите. Дури 77 % од потрошувачите се изјасниле дека го препознаваат знакот за квалитет и се одлучуваат да го купат производот кој е носител на тој знак. Производите, кои се носители на знакот за квалитет, се одликуваат со подобар вкус, свежина, а исто така и имаат и поголема достапност во малопродажната мрежа. Ако се случи одреден производ да не ги задоволи барањата на оваа програма, прво се опоменува производителот, а потоа се одзема знакот. HACCP -системот е неопходност, бидејќи во ЕУ не е можен извоз на храна која не ги запазува овие стандарди. За целосно имплементирање на овој систем потребно е воведување на овој систем и во примарното производство по што, целиот систем ќе се заокружи со цел подигање на целокупниот квалитет на производството.
Производство на месо и месни производи во Република Македонија  во тони

Производи
2007/т
2008/т
2018/т
Просечно производство 2007-2018/т
Говедско месо,свежо или разладено,во трупови,половинки и четвртинки
1.029
1.152
1.040
1.073,6
Свинско месо,свежо или разладено,во трупови и половинки,бутови,плешки и нивни парчиња
8.007
8.248
6.831
7.695,3
Овчо и јагнешко месо,свежо или разладено
169
454
443
355,3
Овчо и јагнешко месо,замрзнато
985
933
930
949,3
Месо од кокошки и пилиња,свежо или разладено,несечено
268
378
442
362,6
Свински бутови,плешки или други парчиња од нив,со коски,солени,во саламура,сушени или чадени (полутрајни и трајни)
1.689
1.933
2.133
1.918,3
Свинска сланина со месо и парчиња,солена,во саламура,сушена или чадена (полутрајна и трајна)
652
797
1.000
816,3
Друго свинско месо,солено,во саламура,сушено или чадено (полутрајно и трајно)
175
329
330
278
Говедско и телешко месо,солено,во саламура,сушено или чадено (полутрајно и трајно)
408
510
508
475,3
Производи од колбас,полутрајни и барени
5.821
6.287
6.715
6.274,3
Друго месо од мисирки, приготвено или конзервирано
54
41
44
46,3
Друго живинско месо, приготвено или конзервирано
873
1.294
1.351
1.172,6
Свински шунки и парчиња од шунки,приготвени или конзервирани
1.864
2.150
2.270
2.094,6
Преработка од говедско или телешко месо
180
285
42
169
ВКУПНО
22.972
25.639
24.895
24.475,4

Увоз на месо и месни производи во Република Македонија од 2005 до 2018 година во тони

Увоз на месо
Вид на месо
2005
2006
2007
2008
2015
1.Говедско
 
 
 
 
 
свежо со коски
17.800
22.604
21.723
25.505
25.472
свежо без коски
103
987
636
637
533
замрзнато без коски
5.847
8.652
13.192
10.57
10.069
со коски
/
/
/
/
/
Вкупно говедско
23.750
32.243
35.552
36.714
36.075
2.Свинско
 
 
 
 
 
свежо
1502
2685
2802
3789
4715
замрзнато
11.383
12.557
15.767
22.212
25.520
Вкупно свинско
12.886
15.242
18.570
26.002
30.235
3.Живинско неисечено замрзнато
3.354
2.034
4.020
4.938
3.819
живина исечена свежа
1.975
1347
588
133
/
живина исечена замрзната
/
/
603
37.258
39.049
живина неисечена свежа
/
/
188
/
179
Вкупно живинско
5.330
3.382
5.401
42.329
43.049
Вкупно месо
41.967
50.868
59.523
105.046
109.360

Увоз на преработки од месо/тони

Производи
2005
2006
2007
2008
2018
Кланични производи
2.027
3.019
3.010
3.669
5.531
Колбаси и слични преработки од месо
4.848
6.546
8.077
8.969
8.748
Месо и др.кланични производи(припремени или конзервирани)
6.882
7.686
8.610
12.181
102.54
Вкупно преработки од месо
13.758
17.253
19.698
24.820
24.535

Извоз на месо и месни производи во Република Македонија од 2005 до 2018 година  во кг

Назив на суровината или производот
2005
2006
2007
2008
2009
2018
Говедско месо
- со коски, свежо или разладено
106.035
/
247.066
2.698.303
2.670.219
/
- во саламура, чадено и сушено
/
/
/
130.692
/
/
- месо и други кланични производи од говеда, припремени или конзервирани
621.501
237.545
318.299
226.414
/
100.981
Вкупно говедско месо
727.536
237.545
565.365
3.055.409
2.670.219
100.981
Овчо месо
- свежо или разладено
15.721.505
16.691.920
17.632.955
20.700.337
19.156.653
18.609.303
- замрзнато
/
/
/
/
100.460
/
Вкупно овчо месо
15.721.505
16.691.920
17.632.955
20.700.337
19.257.113
18.609.303
Свинско месо
- свежо или разладено
/
/
/
2.738.535
1.043.585
/
- замрзнато
/
115.429
/
/
/
/
- месо и други кланични производи од свиња, припремени или конзервирани
183.335
237.217
582.361
1.854.868
1.773.926
1.647.468
Вкупно свинско месо
183.335
352.646
582.361
4.593.403
2.817.511
1.647.468
Пилешко месо
- живина, неисечена, замрзната
148.872
/
/
/
/
/
- бутови и пилешки со коски,во саламура,чадено и сушено
/
/
/
/
366.264
/
- месо и други производи од живина приготвени или конзервирани
132.494
/
101.414
282.414
326.961
616.960
Вкупно пилешко месо
281.366
/
101.414
282.414
693.225
616.960
Колбаси и слични производи од месо и друго
895.049
1.102.893
3.045.613
4.139.353
7.830.551
11.707.467
Вкупно
17.808.791
18.385.004
21.927.708
32.770.916
33.268.619
32.682.179

4. Законска регулатива
- Закон за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната
- Закон за управување со пакување и отпад од пакување
- Правилник за условите во поглед на здравствената исправност на предметите за општа употреба што можат да се пуштат во промет
- Предлог - Закон за безбедност на храна

I. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА И НА ПРОИЗВОДИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА - Сл.Весник на РМ бр.54/2002 година
Со Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, се уредуваат:
- условите за обезбедување на безбедност на храната и на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната,
- производството и прометот со храната, како и
- правата и обврските на физичките и правните лица кои произведуваат или вршат промет.

Целта на ово закон е да се заштити здравјето на луѓето, да се заштитат потрошувачите од заблуда и да се овозможи слободен промет на внатрешниот и надворешниот пазар.
Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања:
- Поим за храна;
- Надлежени органи за вршење на работите од областа на бебедноста на храната;
- Услови за безбедност на храната кои треба да ги исполни производителот по однос на хемиските, физичките, микробиолошките и органолептичките својства на храната;
- Услови за производство на храна;
- Услови за промет на храна;
- Надзор над храната и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната при увоз и извоз;
- Информации за потрошувачот кои што треба да ги означи производителот;
- Контрола на храната и на материјалите што доаѓаат во контакт со храната;
- Казнени одредби.

II. ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ - Сл. Весник на РМ бр.161/2009 година
Предмет на уредување
Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува пакувањето, и тоа:
- при неговото производство;
- при пуштање на пазар и ставањето во употреба на пакувањето;
- правила за собирање, повторна употреба, преработка и отстранување на отпадот од пакувањето, како и
- економски инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпад.

Примена на Законот
Одредбите на овој закон се применуваат:
- на сите пакувања што се произведуваат и пуштаат на пазар на територијата на Р Македонија;
- на целиот отпад од пакување кој е создаден во производствената, индустриската, занаетчиската, трговската услужната, административната и друга дејност;
- на отпадот од пакување кој е создаден во домаќинствата.

Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања:
- Заштита на животната средина и мерки за превенција;
- Примена на стандарди во управувањето со пакувањето и отпадот од пакувањето;
- Барања во однос на производството и составот на пакувањето;
- Барања на нивоа на концентрација на тешки метали присутни во пакувањето;
- Барања во однос на природата на пакувањата кои се наменети за повторна употреба;
- Барања во однос на погодноста на пакувањето за преработка и рециклирање;
- Идентификација и означување на пакувањето;
- Информации за корисниците на пакувањето;
- Надзор;
- Прекршочни одредби.

III. П Р А В И Л Н И К
За условите во поглед на здравствената исправност на предметите за општа употреба што можат да се пуштат во промет (С.л. на СФРЈ бр. 55/78- превземен како републички пропис)
Според овој правилник, предметите за општа употреба што се пуштаат во промет во Република Македонија, мораат да исполнуваат одредени услови во поглед на нивната здравствена исправност. Според чл2 на овој правилник под предмети за општа употреба се подразбираат:
- Садови, прибор и амбалажа за животни намирници;
- Детски играчки;
- Средства за одржување на лична хигиена и нега на лицето и телото;
- Средства за одржување на чистотата во домаќинството;
- Тутунски преработки.

Во овој правилник се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања:
- Општи услови за промет за промет при приготвувањето, производството, мерењето, преработката, доработката, превозот или употребата на животните намирници;
- Посебни услови за промет за промет при приготвувањето, производството, мерењето, преработката, доработката, превозот или употребата на животните намир;
- Општи услови за промет за промет во однос со амбалажата што доаѓа во непосреден допир со животните намирници;
- Посебни услови за промет за промет во однос со амбалажата што доаѓа во непосреден допир со животните намирници.

IV. ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Општи oдредби
Со овој закон се уредуваат основните начела за безбедноста на храната и храната за животни, општите и посебните хигиенски барања за храната, организационите структури на системот на безбедност на храна и официјалните контроли на храната и храната за животни.<
Одредбите на овој закон се применуваат во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата на храната и храната за животни.
Одредбите на овој закон не се применуваат на примарното производство на храна за домашна употреба или домашно подготвување, како и на ракување или складирање на храна за приватно домашно конзумирање.
Општи начела
Одредбите на овој закон и прописите кои се донесени врз основа на овој закон треба обезбедат висок степен на заштита на животот и здравјето на луѓето и заштита на интересите на потрошувачите, земајќи ја предвид, каде што е потребно, и здравствената заштита на животните и нивната благосостојба, здравјето на растенијата и заштита на животната средина.
Со овој закон треба да се обезбеди слободно движење на храната и храната за животни, во согласност со начелата и барањата кои се пропишани за овој дел.
За да се постигнат овие цели, прописите кои се донесени се базираат на анализа на ризикот. Оваа проценка се заснова на достапни научни докази и се врши на независен, објективен и транспарентен начин.
Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања:
- Поимот храна;
- Општи обврски во прометот со храна;
- Надлежен орган за вршење на работите од областа на безбедноста на храна и храна за животни, како и надзор на ветеринарните активности во областа на здравствената заштита на животните;
- Надлежности на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- Органи кои вршат работи од областа на безбедност на храна и храна за животни;
- Општи барања за безбедност на храна;
- Презентирање на храна и храна за животни;
- Општи одредби за хигиена на храната;
- Услови за ставање во промет на храна од животинско потекло;
- Надзор над спроведувањето на овој закон;
- Преодни и завршни одредби.

5 Стандарди кои ја регулираат безбедноста и квалитетот на храната
5.1 HACCP
 
Доброто познавање на анализите за опасност и критичната контролна точка (HACCP) ке бидат потребни за спроведување на ИСО 22000 системот за безбедно управување на храната. HACCP е дел од ISO 22000 Food Safets Management System (FSMS). HACCP е систем за безбедно производство на храна, кој е глобално признат и постои од 1960 год. Компаниите со HACCP користат превентивен пристап за максимална сигурност на храната, откривајќи ги ризиците и методи за да се контролира ризикот или да се намали. HACCP системот се базира врз седум главни принципи:
  1. Спроведување на анализата за опасност
Во неа се анализираат сите процеси и се откриваат можните опасности. Ризик може да постои од хемиска гледна точка, физичка или биолошка.
2. Препознавање на критичните контролни точки
За секоја од критични контролни точки треба да се превземе превентивна мерка за спречување на ризикот со употреба на соодветна температура, Ph вредност, време или процедура.
3. Утврдување на критичните граници
Следен чекор е воспоставување на критериум за секоја критична точка за да се контролира ризикот во таа точка со поставување регулаторни граници.
4. Воспоставување на процедури за следење
Потребно е да се следи процесот на критичните контролни точки и да се води евиденција за да се покаже дека критичните граници се исполнети.
5. Воспоставување на корисни активности
Во оваа фаза се утврдуваат мерки кои ќе се превземат ако критичната граница не се исполни.
6. Воспоставување процедури за водење евиденција
Исполнување на регулаторните барања и вклучување на податоците од самиот развој како и од функционирањето на системот.
7. Воспоставување на постапки за верификација
HACCP планот мора да биде дозволен за да биде ефикасен во откривањето и спречувањето на опасностите.
 
5.2 ISO стандарди
 
Во меѓународната организација ISO (Меѓународна Организација за Стандарди), еден од најпопуларните и најпретпознатлив е Qualitis Management System, ИСО 9001, е создаден за да се обезбеди единствен стандард во светот за управување со квалитетот.
Земјите кои го користат пристапот на Системот за менаџирање на квалитетот и го адаптираат за Безбедност на храната (Ford Safets), широко ги вклучуваат прифатените принципи на HACCP во системот за менаџирање на квалитетот. Резултат на ова беше ISO 22000.
Со ИСО 22000 потребно е да се дизајнира и документира „Системот за менаџмент на безбедност на храната” (Food Safets Managemets System -FSMS). Стандардот содржи специфични барања кои треба да бидат разгледани од FSMS.
Секој чекор во синџирот за набавка на храна е критичен за безбедноста на производот. ISO 22000 стандардот ги разјаснува барањата и стандардите за безбедност на храната во рамките на државата следејќи го синџирот на набавка на таа храна.
Владата и потрошувачите се повеќе се свесни за прашањето за безбедноста на храната и бараат одговорност и гаранција. Стекнувањето на сертификатот ISO 22000 им дава на потрошувачите доверба за квалитетот на производот. ISO 22000 станува солидна алатка за безбедност на храната како и солидна алатка за маркетинг и за подобрување на бизнисот.
 
5.3 HALAL
 
Она што преставува HACCP системот за земјите на ЕУ, тоа го преставува HALAL стандардот за исламските земји. HALAL (????) е арапски поим со значење „дозволено”. Во контекст на исхраната, поимот означува храна која е „дозволива“ според исламските закони. Се смета дека 70% од муслиманите ширум светот внимаваат на овој начин на исхрана. Производителите кои го имаат знакот на HALAL во својот состав немаат ниту една состојка која на муслиманите им е забранета за употреба. Вака сертифицираните производи може да се извезуваат во исламските земји кои задолжително го бараат овој сертификат.
Во месната индустрија која има имплементирано HALAL, животните се колат со посебен ритуал. Касапот мора да припаѓа на Исламската вероисповед и во моментот кога го коли животното мора на арапски да ги изговара следниве зборови: „Во име на Бога, Бог е семоќен”. Во фармацевтската индустрија HALAL имаат производите кои во себе не содржат алкохол, како и лековите кои се спакувани во капсули кои не се произведени од свински желатин. Во однос на козметиката, кармините и останатите шминки кои имаат HALAL сертификат, во себе не содржат црвена боја од типот Е120 која се добива со сушење на одреден вид комарци. Ваквата боја не смеат да ја користат муслиманите бидејќи нивната вера не дозволува јадење инсекти. Од Министерството за здравство изјавуваат дека овој стандард не е задолжителен за Македонија. Него го воведуваат само оние фирми кои се заинтересирани за извоз на своите производи во странство, поточно во муслиманските земји. Од Исламската верска заедница изјавуваат дека во Македонија веќе има десеттина реномирани компании кои се подготвени уште веднаш да го имплементираат HALAL сертификатот, од кои дел од нив се од месната, а дел од кондиторската индустрија.
 
5.4 КОШЕР
 
Зборот „Kashrut“ доаѓа од коренот на еврејскиот збор Kaf-Shin-Reish, што значи здраво, правилно или точно. Исто така зборот „кошер“ често се користи за да ги опише ритуалните објекти кои се направени во согласност со еврејскиот закон и кои служат за вршење на ритуалот.
Иако законот за исхрана кај евреите е многу сложен, приложени се поедноставени правила:
1. Одредени животни не смеат да се јадат воопшто. Ова ограничување ги вклучува и кожата, органите, јајцата и млекото од забранетите животни.
2. Од оние животни кои смеат да се јадат, птиците и цицачите мора да се убијат според еврејските закони.
3. Крвта мора да биде исцедена од месото и живината пред да се јаде и месото да биде доволно испечено.
4. Одредени делови од дозволените животни исто така не смеат да се јадат.
5. Овошјето и зеленчукот се дозволени, но мора да се проверат и добро да се исчистат од бубачки (кои не смеат да се јадат).
6. Месото ( тука спаѓа и кожата од цицачите и птиците) не смее да се јаде со млечни производи. Рибата, јајцата, овошјето, зеленчукот и житариците можат да се јадат и со месо и со млечни производи. (Според некои верувања рибата не смее да се јаде со месо).
7. Приборите (тука спаѓаат тенџерињата, тавите и некои други прибори за јадење) кои доаѓаат во контакт со месо, не смеат да се употребуваат со млечни производи и обратно.

⮞ Стојанка Стојковиќ, ЕКСТРА МЕИН, Куманово

⮞ Ѓорѓи Ќосев, ПРОМЕС, Скопје

⮞ Марјан Михајлов, РИМЕС МС ГРОУП, Скопје

⮞ Радо Трајковски, МИС ГЛОБУС, Скопје

⮞ Слободан Кутревски, ПЕКАБЕСКО, Скопје

ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ КАЈ ОДРЕДЕНИ КАТЕГОРИИ НА МЕСО ЗА ПРЕРАБОТКА

Предлагач на автономните мерки се членките на Групацијата за производство и преработка на месо при Стопанската комора на Македонија:

Ред.бр. Име на претпријатие Место Адреса
Капацитет
Тони на годишно ниво
1 МИК Свети Николе Индустриска бб 8.000
2 Глобус Скопје ул.Веле Марковски бб 8.000
3 Мега Скопје с.Трубарево 8.000
4 Римес Скопје ул.Јане Лукоски бр.5 1.500
5 Месо Промет Скопје ДЦ Славија 1.200
6 Кланица со ладилник Штип ул.Рибник бб 1.000
7 Екстра Меин Куманово ул.Индустриска бб 2.000
8 Промес Скопје    
9 Пекабеско АД Скопје ул.Шуто оризари бб 2000
10 Солета Скопје Перо Наков бб  
Вкупно 42.100

Производите за кои се бараат втономни мерки за укинување на увозните давачки се:

Трговско име Тарифен број Наименувание
1. Месо говедско замрзнато, без коски 0202 30 10 00 Предни четврти, цели или сечени најмногу на пет парчиња, секоја четврт да претставува една целина; компензирани четврти во две парчиња, :едно кое содржи предна четврт, цела или сечена најмногу на пет парчиња, и друга, задна четврт, исклучувајќи ја печеницата во еден дел...
0202 30 50 00 Сечени говедски делови меѓу вратот и ребрата
0202 30 90 00 Друго
2.Месо свинско,замрзнато,со коски 0203 22 11 00 Бутови и парчиња од нив
0203 22 19 00 Плешки и парчиња од нив
0203 22 90 00 Други-
0203 29 11 00 Друго-предни делови и парчиња од нив
0203 29 55 00 Без коски
3. Месо од кокошка, во парчина, замрзнати 0207 14 10 00 Без коски
0207 14 60 00 Копани и парчиња од нив
4.Месо од мисика, парчиња, замрзнати 0207 27 10 00 Без коски
0207 27 60 00 Карабатаци и парчиња од нив

Во врска со предметново Барање, Групацијата го дава следново образложение:

Според податоците на Ветеринарна управа во нашата земја регистрирани се 50 објекти за преработка на месо , од кои 12 веќе не работат. Од 38-те капацитетите што се уште работат, 15 капацитети се регистрирани за производство на полутрајни и трајни производи (1), со капацитет од 45.000 тони на годишно ниво /работа во една смена.

Од инсталираните капацитети за производство 94% се во сопственост на наведените трговски друштва, членки на Групацијата за производство и преработка на месо при Стопанската комора на Македонија, подносителои на предметново Барање.

Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, .можниот капацитет за производство на полутрајни и трајни преработки од месо од 42.000 тони ,кај наведените членки на Групацијата, се користи само 28%. Од вкупно преработената количина на месо само 1700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители. Останатото е од увоз.

Согласно податоците за увоз на месо по одделни категории и земји на потекло (Прилог 1) , може да се согледа дека месо за преработка во нашта земја нема, што впрочем е утврдено и со стоковните биланси за основните земјоделски и прехранбени производи одделно за економска односно календарска година.

Комерцијалните потреби од полутрајни и трајни преработки на месо годишно изнесуваат околу 17 000 тони, кои од домашното прозводство се подмируваат со 65%, а 35% од увоз , при што се увезуваат околу 6.000 тони.

Увозот на преработки на месо во одделни години достигнуваше и до 9000 тони, (Табела 2)) што покриваше над 60% од домашната потрошувачка, но квалитетот и упорноста на младата индустрија за преработка на месо постепено го освојуваше домашниот пазар, а позитивни се и движењата во извозот. (табела 3)

Со цел зголемување на конкурентноста на преработките од месо пред странските конкуренти на домашниот пазар, со што ќе се обезбедат услови за повисок степен на користење на сопствените капацитети во оваа индустрија, неопходени се бараните автономни мерки за укинување на увозните давачки кај наведените категории на месо за преработка.

Во отсуство на бараната мерка, позитивните движења во оваа индустрија ќе попримат негативна насока, пред се поради повисокиот степен на либерализација со ЕУ, каде се добро познати системските мерки на подршка на домашните фармери и извозни рефундации, како целосната либерализација со Србија И Црна Гора, кои покрај производните субвеции имаат и извозни стимулации.

Имено без заокружен систем на заштита од нелојалната конкуренција по основ на повисоки субвенции од субвенциите во нашата земја во производството, домашните производители на преработки од месо бараат само еднакви услови на производство во делот на суровината со увозниците, односно изземање на увозните давачки.при увоз на суровината.

Со позитивното решавање на предметново барање, Групацијата оценува дека производството на трајни и полутрајни производи тековнава година ќе го зголеми за 16.000 тони, или за скоро 30% од минатата година, како и пораст на извозот за 10%.

Финансиските буџетски ефекти би биле позитивни како резултат на платениот ДДВ, на потребната увезена суровина за преработка без увозни давачки, потоа платениот персонален данок на доход на работниците при зголемениот број на работни часови.

Досегашното насочување од надлежните органи за набавка на наведената суровина од земјите со кои имаме договори за слободна трговија, по доставените барања за увоз на суровина со повластен тарифен третман, иницира заклучок дека финансиски приходи по овој основ не се планирани во Буџетот на РМ за 2008 година, па според тоа негативни ефекти со примена на бараната мерка ќе нема кај истиот.

Фактот што по зачленувањето во СТО, царината на сувомеснатите преработки е пониска од царината на суровината , со цел оваа индустрија да обезбеди континуирано производство и развој, неопходно е да се укинат увозните давачки на суровината за преработка. Со тоа, во делот на обезбедувањето на суровината, домашните производители на преработки од месо ќе се изедначат со увезените преработки од месо односно ќе се стекнат реални услови за задржување на домашниот пазар од преработки со сопствено производство.


Контакт лице: Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: vasko@mchamber.mk