„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Публикации на Стопанската комора на Северна Македонија

  • Дома
  • За нас
  • Публикации на Стопанската комора на Северна Македонија

Месечен економски преглед

team-2

19.03.2021

МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД БРОЈ 10 (ФЕВРУАРСКО ИЗДАНИЕ)


РАБОТИ ШТО ГО ОДБЕЛЕЖАА ПЕРИОДОТ:
  • Имунизацијата во Европа не тече со посакуваната динамика, со мутација на вирусот Ковид-19 јакне ризикот од негово повторно масовно ширење
  • Светската економија бавно се враќа кон нормалата, нерамномерно по земји и сектори
  • Македонската економија ја зaврши 2020 година со пад од 4,5%
  • Индустриското производство во првиот месец од 2021 година со пад од 13,5%
  • Минимално подобрени очекувањата на деловните субјекти во преработувачката индустрија
  • Трговијата и туризмот се’ уште под силен удар од пандемијата
  • Пад на извозот и увозот во однос на претходниот месец, но пораст на годишно ниво
  • Нето прилив на странски директни инвестиции во последниот квартал од 2020 година
  • Трошоците на живот на ниско ниво
  • Растот на цените кај повеќето берзанските суровини од јануари продолжи и во февруари

 

team-2

26.02.2021

МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД БРОЈ 9 (ЈАНУАРСКО ИЗДАНИЕ)


РАБОТИ ШТО ГО ОДБЕЛЕЖАА ПЕРИОДОТ:
  • 2021  -  година на надеж за економско заздравување
  • Декември е прв месец со раст на индустриското производство од почетокот на здравствената криза
  • Трговијата и туризмот се’ уште под силно влијание на кризата
  • Извозот и увозот со пад од 10% во 2020 година
  • Минимално подобрени очекувањата на деловните субјекти во преработувачката индустрија
  • Мал пад на платите во ноември во однос на октомври
  • Во услови на намалена побарувачка, нема инфлаторни притисоци во економијата
  • Растот на цените кај повеќето берзанските суровини во јануари 2021 рефлектира почеток на заздравување на побарувачката и очекувања за постепен излез од рецесијата

 

team-2

20.01.2021

МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА


Во прилог е новото електронско издание на Месечниот економски преглед (МЕП) за тековните економски движења во македонската економија. Новиот број ги анализира движењата кај повеќе економски индикатори, со осврт на регултивата со која Европската Унија ги продолжи постојните трговски преференции за Западен Балкан за уште пет години до 31 декември 2025 година. Ова ќе обезбеди повеќе можности за извоз во ЕУ, особено за земјоделците во регионот на Западен Балкан со помали поседи.
РАБОТИ ШТО ГО ОДБЕЛЕЖАА ПЕРИОДОТ:
  • динамиката на решавање на здравствената криза ќе ја детерминира динамиката на економското заздравување
  • продолжи падот на индустриското производство, но со помал интензитет
  • трговијата и туризмот сеуште под силен удар на здравствената криза
  • очекувањата на деловните субјекти во преработувачката индустрија непроменети во декември, а далеку под минатогодишните
  • порастот на платите во текот на 2020 е  резултат на мерките од 2019 година
  • во услови на намалена побарувачка, нема инфлаторни притисоци во економијата
  • пад на извозот и увозот во ноември
  • постепено заздравување на јавните приходи
  • растот на цените кај повеќето берзански суровини рефлектира очекувања за постепен излез од рецесијата

 

team-2

02.12.2020

МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА


Новиот број ги анализира движењата кај повеќе економски индикатори, со осврт на новиот пакет на мерки на Владата, зголемување на сиромаштијата и согледувањата од анкетата на Стопанската Комора на Македонија во градежниот сектор.
Работи што го одбележаа изминатиот период се:
  • пораст на сиромаштијата, еден од предизвиците на Ковид-19
  • потенцијални средства и можности за земјите од Западен Балкан преку новиот економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан
  • дел од меѓународните институции со подобрени предвидувања за БДП во 2020 и 2021 година
  • индустриското производство во август со сличен пад како во јули
  • пад и кај трговијата, туризмот и градежништвото
  • инфлацијата останува под контрола
  • непроменети очекувања на деловните субјекти во преработувачката индустрија
  • продолжуваат негативните тенденции во надворешната трговија
  • буџетските приходи и расходи под влијание на кризата

 


Контакт лице: Стево Серафимов

Телефон: + 389 2 3244032,
Мобилен: 072 236 484
Е-адреса: stevo@mchamber.mk