„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка

16.09.2024

Предлагач е Владата на Република Северна Македонија.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основна цел на предложените измени на Законот е да се допрецизира постапката за експропријација во делот на постапување по предлогот за експропријација, поставување на привремени застапници на сопственици на недвижности кои се предмет на експропријација и поништување на решенија за експропријација и раскинување на спогодби постигнати во постапката како и овозможување на продолжување на рокот за привремено заземање на соседно земјиште во услови кога се во тек изградба на објекти од стратешки интерес и други капитални објекти од јавен интерес. Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за експропријација. Предложената измена на Законот за експропријација ги содржи следниве решенија: l Допрецизирање на одредбите од член 6 и 7 од постојниот Закон во насока усогласување со Законот за градење l Допрецизирање на одредбите од член 17 Законот за експропријација односно во делот на ограничувањата на правото на сопственост. l Допрецизирање на одредбите од Законот за експропријација, кои се однесуваат на спроведување на постапката за експропријација. l Допрецизирање на одредбите кои се однесуваат на поништување на решение за експропријација и дополнување со одредби за раскинување на спогодба постигната во постапката за експропријација