„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка

19.12.2024

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Донесувањето на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, има за цел воведување посебни услови со кои се прецизира потребното работно искуство за избор и именување независни неизвршни членови во одбор на директори, односно независни членови во надзорeн одбор во друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва, во целосна и доминантна државна сопственост. Имено, за избор и именување независен неизвршен член во одбор на директори, односно независен член во надзорeн одбор, кандидатот е потребно да има минимум четири години работно искуство, и тоа конкретно во областа финансиско работење и областа правни работи. На овој начин, со Предлог на законот се очекува да се создаде соодветна правна рамка за регулирање на критериумите за избор на независните неизвршни членови во одборот на директори и независните членови во надзорни одбори во акционерските друштвата со доминантна државна сопственост, во насока обезбедување квалитетно и ефикасно управување, а со тоа и да се придонесе за подигнување на стручноста и професионалноста при управувањето и надзорот врз работењето и управувањето на овие друштва. Воено со регулирањето на висината на надоместокот на членовите во надзорните органи, како и со оптимизирање на бројот на членови во надзорни и управни одбори, се очекува да се постигне поголема рационализација и редуцирање на трошоците за работа на овие органи, што индиректно би можело да има позитивен ефект и на крајниот финансиски резултат кај друштвата во државна сопственост.