„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за девизното работење

19.12.2024

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Основната цел на измените е усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи при што со измените и дополнувањата на Законот за девизно работење ќе се овозможи непречена реализација на тековните и капитални трансакции и ќе се обезбеди стабилен и ефикасен платен систем во Република Северна Македонија. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон. Основни решенија на предлогот на закон се: - Дефинирање на платежна институција и институција за електронски пари, како и видовите на платежни трансакции со странство; - Овозможување на резидентите да вршат платежни трансакции со странство преку платежни сметки отворени кај платежни институции и институции за електронски пари; - Давање можност платежните трансакции со странство, покрај банки, да можат да ги извршуваат и штедилници, платежни институции и институции за електронски пари; - Усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи; - Овозможување трансакции во девизи меѓу резиденти физички лица при извршување на облигациони договори, кога приливот/одливот е од/кон сметка отворенa во странство; - Овозможување одобрување кредити во девизи на деловните банки од страна на Народната банка на Република Северна Македонија; - Воведување на можноста за доставување на статистичките податоци и информации, покрај од овластениот учесник, како посредно известување, да може да биде и директно од резидентите кои вложиле во странство без посредство на домашен овластен учесник; - Бришење на обврската ефективните домашни и странски пари, чекови, монетарно злато и хартии од вредност, што се привремено одземени, да се депонираат кај Народната банка на Република Македонија, од причина што оваа материја е регулирана со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, пришто истите се предаваат на Агенцијата за управување со одземен имот; - Се дефинираат условите за укинување на дозвола за вршење менувачки работи со цел посоодветно разграничување на случаите кога работењето спротивно на прописите донесени врз основа на законот се смета за укинување на дозвола за вршење на менувачки работи; - Се овозможува широка рамка за известување за субјектите (резиденти и нерезиденти) кои се должни да известуваат која што ќе ги опфати и идните даватели на платежни институции и издавачи на електронски пари; - Усогласување и постапување според одредбите во Законот за заштита на личните податоци; - Усогласување со Законот за Царинската управа и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам. Истовремено со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за девизното работење се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за престанување на важењето на Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка