„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
10.01.2025
Надлежно е Министерство за внатрешни работи.
Цели на предлог регулативата:
Решенијата содржани во предложените одредби се меѓусебно поврзани и имаат за цел усогласување со Закон за утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија.
Целта на предложените измени е олеснување на законските услови во однос на постапката за добивање на привремен престој заради работа генерално и посебно, во однос на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон.