Надлежно е Министерство за економија.
Временска рамка за изготвување на предлог законот: 22.04.2026 - 22.05.2026 г.
Краток опис на проблемот: Во Република Северна Македонија досега не беше донесен посебен закон за заштита на деловната тајна или за заштита на информациите и податоците, иако постојат повеќе законски прописи во кои се содржани одредби кои го регулираат прашањето за деловната тајна. Поради тоа, од суштинско значење е донесувањето на посебен закон за заштита на деловна на неоткриени знаења и искуства и деловни информации (деловна тајна), кој би довел до зајакнување на заштитата на виталните информации на деловните субјекти што се изложени на ризик од откривање.
Цел на предлог законот: Целта на Предлог-законот е усогласување со Директивата ЕУ 2016/943 за заштита на неоткриени знаења и искуства и трговски информации (деловни тајни) од незаконско прибавување, користење и објавување, преку создавање нормативни основи за заштита на деловна тајна од незаконско стекнување, користење и откривање.