„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
12.05.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
Надлежно е Министерство за правда.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на Предлогот на закон за парничната постапка е да се уредат прашањата кои создаваа проблеми во примената на законот (само некои од нив: вешачењето, доставата, забрзување на постапката во споровите од мала вредност и др.), а беа констатирани од сите засегнати страни (судови, авокати, државни органи и сл), некои од нив нотирани и во забелешките на Светска банка преку извештајот на „Doing bussines 2020“, со што ќе се влијае на унапредување на парничната постапка кон успешно и ефикасно остварувањето на правата и интересите на сите учесници во постапката и ќе се изврши прецизирање и усогласување на одредбите од Законот за парничната постапка со другите поврзани закони, а со тоа воспоставување стабилен граѓанско-правен систем преку пополнување на постоечките правни празнини и негово усогласување со европските стандарди и современите општествени текови посебно во заштитата на колективните интереси и права на граѓаните. Се намалува висината на паричната казна за учесниците во постапката, во склад со генералната определба на Владата за намалување на казните, се усогласува поднесокот во електронска форма и податоците и доказната сила на документите во електронска форма, со релевантните законски одредби за електронско работење во државата, се прецизираат одредбите за определување на вредноста на спорот, за прв пат се уредува заштита на колективните права на потрошувачите,се прецизира надлежноста на судовите во брачните спорови, се пропишува надлежност на судовите да назначуваат привремени застапници од редот на адвокатите на физичките лица.