„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, по скратена постапка

14.05.2026

 Предлагач се група на пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основна цел со измената на законот е да се овозможи поширок и пофлексибилен пристап при избор на лица кои се компетентни за вршење на функцијата директор, односно заменик директор на јавно претпријатие “Македонска радиодифузија”. Законот се заснова на еднаков пристап до јавни функции, начело на професионалност и компетентност, начело на недискриминација и еднакви можности, начело на ефикасност и функционалност во работењето на јавното претпријатие. Со измената на овој услов се овозможува поголема отвореност, конкурентност и секако поефикасен избор.