„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.05.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА: Целта на обезбедувањето на овој заем е повеќекратна и е насочена кон обезбедување стабилно финансирање на буџетот, одржување на фискална стабилност и подобрување на управувањето со јавниот долг. Основно начело врз основа на кое се заснова овој предлог на закон е обезбедување на средства за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија, под поволни услови, согласно одредбите од Договорот за заем и важечките закони. Оттука, Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии, Меррилл Линч Интернационал во својство на организатор и финансиските институции КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) во својство на првични заемодавачи и Глобал Лоан Агенси Сервисес Лимитед во својство на Агент, ќе склучат Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија.