„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.06.2026
Предлагач се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност, се обезбедува ефикасно и ефективно спроведување на надлежностите на органите и институциите, како и надлежностите, правата и овластувањата на субјектите кои обезбедуваат услуги од јавен интерес, врз основа на утврдени стандарди и процедури, во согласност со одредбите на овој закон и посебните закони, сето во функција на обезбедување на електронски услуги за корисниците на истите, односно, за постапките за упис во регистарот на физичките лица кои вршат угостителска дејност кој го води градоначалникот на општината, поднесување на пријава за исполнување на минимално-техничките услови и започнување со работа до Државниот пазарен инспекторат и до градоначалникот 3 на општината, постапката за добивање на ознаката за национален ресторан – меана, издавање на лиценца за вршење на угостителска дејност во угостителски објект ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, издавање на решение за угостителските објекти за сместување – хотели, издавање на решение за угостителските објекти за исхрана, издавање на решение за категоризација на куќи, станови и соби и издавање на решение за добивање на ознака за рурални средини. По насока на препораките добиени од Европска комисија за спроведување на чекорот од Реформската Агенда “Врз основа на претходното мапирање на 377 давачки и препораките од поврзаниот проект за техничка помош финансиран од ЕУ, оптимизирани се 28 такви давачки. Согласно Методологијата за утврдување, пресметка, ревизија и оптимизација на 28 парафискални давачки на Владата на Република Северна Македонија, добиените пресметки при примена на унифицираната методологија, мерките за оптимизација упатуваат на оправдано зголемување на надоместокот за категоризација на угостителски објекти за сместување. Законот чие донесување се предлага, се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на законот.