„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште, по скратена постапка

08.06.2026

 Предлагачи се група пратеници.

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Целта на законот е усогласување на одредбите за пренамена на земјоделско земјиште со прописите од областа на урбанистичкото планирање, подобрување на правната рамка за спроведување на постапките за пренамена, како и заштита на поквалитетното земјоделско земјиште преку ограничување на неговата пренамена за изградба на фотоволтаични централи. Со законот исто така се обезбедува правна сигурност за започнатите постапки преку уредување на нивното завршување согласно прописите кои важеле во моментот на нивното започнување.