„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.06.2026
Предлагач се група пратеници.
II.ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Одредбите од Законот за шумите од глава III-а, од неговото донесување до ден денес се нефункционални и неприменливи. Поради постоење на одредби во Законот за шумите каде се уредени превентивните мерки за заштита на шумите од пожари и истите мерки се опфатени во посебните планови за стопанисување со шуми кои се со важност од 10 години, а се однесуват на превентивни, пресупресивни и супресивни мерки за заштита од пожари се предлага бришење на овие членови. Бидејќи истите се опфатени во посебните планови за стопанисување со шуми кои се донесуваат согласно член 29 и член 30 од овој закон, евидентна е потребата од укинување на одредби од Законот за шумите од глава III-а каде истите ќе се избришат, со што ќе се укине законската обврска од носење Национална програма и Национален комитет, а управувањето со пожари на отворен простор во некризна состојба е веќе регулирано во Оперативните годишни планови за заштита на шумите од пожари на ниво на субјекти кои стопанисуваат и управуват со државните шуми.