„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи (*)

09.06.2026

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со овој Предлог на закон ќе се обезбеди: - заштитата од штетните ефекти од употребата на производи од тутун или сродни производи; - заштитата на населението од дејството на тутунски чад во животната средина; - забраната за употреба на производи од тутун или сродни производи, уреди за употреба на производи од тутун или сродни производи и додатоци за употреба на производи од тутун или сродни производи во јавни и работни простори, забраната за рекламирање и промоција на производи од тутун или сродни производи; -забраната за спонзорирање активности од страна на тутунската индустрија, прикажувањето и изложувањето на производи од тутун или сродни производи, како и уредите за употреба на производи од тутун или сродни производи и - превентивните мерки за подигање на јавната свест и поддршка за прекинување на употребата на производи од тутун или сродни производи.