„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

29.07.2026

На Собрание на РСМ е објавен Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Предлагач е Владата на РСМ.

Надлежно е министерство за дигитална трансформација

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основната цел на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е да се воспостави фискално одржлива рамка за финансирање на радиодифузната дејност, при што средствата се утврдуваат за период од пет години и се обезбедуваат од Буџетот во висина од 1% од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија, пред донесување на Буџетот на Република Северна Македонија. По истекот на периодот од пет години ќе се изврши редефинирање на висината на средствата за финансирање за наредните пет  години во висина од 1% од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија, пред донесување на Буџетот на Република Северна Македонија