„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
15.09.2026
Цели на предлог регулативата:
Основна (или општа) цел на новиот ЗОРОДУ е воспоставувањето јасна, рационална и функционална државна управа, која ќе обезбеди законито и ефикасно извршување на функциите на државата и подобро остварување на правата и правните интереси на граѓаните и правните лица.
- јасното определување на видовите органи на државната управа и нивната положба во рамките на извршната власт;
- воведувањето функционални критериуми за основање органи во состав и разграничување на нивните работи од работите на организациските единици во министерствата,
- воведувањето на јасни правила за поделбата на надлежностите на органите на државната управа,
- стандардизирањето на називите на органите во состав според природата на нивните основни функции,
- воспоставувањето јасни линии на одговорност и отчетност меѓу Владата, министерствата и органите во состав, како и самостојните органи на државната управа и управните организации,
- разграничувањето на општото политичко насочување од самостојноста при одлучувањето во конкретните предмети и спроведувањето на законските надлежности на органите кои се потчинети на Владата и/или министерствата,
- обезбедувањето институционална стабилност преку основање и укинување на органите во состав и управните организации со самиот ЗОРОДУ,
- зајакнувањето на критериумите за основање самостојни органи на државната управа и воведување јавна евиденција за нив и воведувањето функционален и организациски преглед на самостојните органи на државната управа најмалку еднаш во пет години;
- усогласувањето со процесниот закон (ЗОУП) во однос на решавањето во управната постапка,
- уредувањето на положбата и основните функции на државниот секретар во министерствата како висок раководител,
- попрецизно уредување на актите на органите на државната управа,
- унапредувањето на надзорот и
- отстранувањето на застарените одредби и подобрувањето на прегледноста на законодавството