„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија

17.09.2026

 Предлагачи се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Законот се заснова на истите начела на кои се заснова основниот текст на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија. За работодавачите се предвидува можност за обезбедување финансиска поддршка/субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за зголемениот дел од платата. Со ова решение се овозможува ублажување на финансискиот товар од зголемувањето на платите за работодавачите и се создаваат услови за навремена и непречена примена на новиот износ на минималната плата, без да се доведе во прашање законската обврска за исплата на минималната плата.