„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Претседателот на Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија, Андреја Серафимовски, гостуваше во интервју на Телевизија 24, каде зборуваше за актуелните состојби и предизвици во градежниот сектор.
Во интервјуто беше истакната потребата од зајакнување контролата и квалитетот при изградбата на станбените објекти, како и од подигнување на јавната свест за значењето на примена на повисоки стандарди на овие Објекти како Објектите од А категорија.
Воедно, беа отворени и теми поврзани со реализацијата на големите капитални инфраструктурни проекти и учеството на домашните градежни компании во нивната реализација. Во таа насока беше поздравена определбата на Владата за поголемо вклучување на македонските компании како директни носители на капиталните проекти.
Целото интервју на линкот: https://24.mk/details/24-intervju-so-andreja-serafimovski-letachkite-pokrivi-od-nevremeto-se-dokaz-deka-zatail-sistemot