„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Високообразовен кадар по мерка на бизнисот

24.08.2026

| Новости

Дел од успешните иницијативи на Комората е реформската промена во високото образование за системско уредување на практична настава, заживување на стручните студии и стратешко партнерство со бизнисот за создавање висококвалитетен кадар потребен на пазарот на труд.

Иницијативата на Комората беше поддржана од Ректорските управи на петте државни и еден приватен универзитет, а истата произлезе од позитивните резултати од имплементацијата на дуалното образование во средното образование, како и од барањата на бизнисот дека кадрите што излегуваат од високото образование немаат соодветни вештини и компетенции поради отсуството на практично искуство.

Со измената на Законот за високо образование ќе се прават следните измени

1. Студиски програми за квалификации усогласени со потребите на пазарот на труд, со учество на бизнис заедницата

2. Системско уредување на практичната настава на реално работно место во компанија како задолжителна за сите, а не само за регулираните професии

3. Креирање теми за семинарски, дипломски, додипломски и докторски труд во соработка со бизнис секторот

4. Признавање на кратките стручни студии како дел од студиската програма во високото образование што им дава можност на учесниците да продолжат и во високото образование.

 

Изјава на Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување

youtube.com/shorts/0LtKdmDVTbE