„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување
Целосната гасификација е од исклучително значење за стопанството кое на тој начин ќе добие поевтин енергенс и пониски трошоци, но и поголема конкурентност на странските пазари, иако актуелниот амбиент на глобално ниво укажува на неизвесност во снабдувањето со гасот како енергенс. Засега реализацијата не е во согласност со планирањата и со потребите на бизнисот.
Изградба на национален гасоводен систем е од итна природа, негово поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивни системи за природен гас, а посебен акцент, треба да се стави врз преземањето активности пред се од државата за пуштање во употреба на веќе изградените гасоводни мрежи, за да можат компаниите веднаш да се приклучат на нив.
За да се реализира проектот ГАСИФИКАЦИЈА во државата, потребно е:
1. државна стратегија за гасификација;
2. финансиски стимулации;
3. инвестиции во инфраструктурата;
4. поедноставување на процедурите;
5. едукација и јавна кампања за информирање за пониските трошоци, помалото загадување и за безбедноста на гасот;