„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од регионални комори

Информативна сесија за поддршка на зелениот бизнис во Кичево

15.10.2026

| Новости

Агенцијата за поддршка на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото – ИНОВА, на 14.10.2026 година  во рамките на иницијативата за поддршка на зелените бизниси одржа информативна средба во Регионалната комора во Кичево.

На информативната сесија, претставниците на ИНОВА ги презентираа можностите за користење на неповратна финансиска поддршка за имплементација на меѓународни стандарди и сертификации,
Поддршката опфаќа стандарди и сертификации од областа на животната средина, енергетската ефикасност и одржливото работење, меѓу кои ISO 14001, ISO 50001, GlobalG.A.P. и други. Со повикот се предвидува поддршка до 80% од прифатливите трошоци за поддршка на зелените бизниси; до 150.000 денари за советодавни услуги и до 150.000 денари за независна сертификација.
Компаниите од Кичево и регионот имаа можност да се запознаат со условите и можностите за аплицирање и да добијат директни информации како да ја искористат финансиската поддршка за подобрување на своето работење и воведување одржливи деловни практики.
На средбата беше договорено да се продолжи со информативни средби за наредните повици со цел поголема достапност до компаниите.