„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Енергетиката е еден од клучните столбови на секоја држава и нејзината стабилност е директно поврзана со долгорочниот економски развој. Затоа, енергетските политики не можат да се креираат само врз основа на краткорочни потреби и актуелни политички приоритети.
Ова е една од пораките во второто видео од емисијата „Chamber Talks“, во кое претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, разговара со Ристо Јаневски за значењето на енергетиката во функционирањето и развојот на една држава.
Јаневски потсетува дека силното електростопанство било еден од важните темели врз кои Македонија ја изгради својата државност по осамостојувањето. Според него, енергетиката претставува стратешка област во која мора да постои баланс меѓу владините и политичките одлуки, техничките потреби и функционирањето на енергетскиот систем.
Посебно ја нагласува потребата од долгорочно планирање, со оглед на тоа што развојот на енергетиката бара предвидување на потребите и предизвиците во следните 20 до 30 години. Само со навремено планирање и соодветни инвестиции може да се обезбеди систем што ќе биде стабилен и подготвен да одговори на идните економски и развојни потреби.
Целата емисија „Chamber Talks“ погледнете ја во продолжение https://youtu.be/_FJRfNFAIhc?si=Xum2Z6jmDqvdhdML