„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, особено од фотоволтаичните централи, носи нови предизвици за функционирањето на електроенергетскиот пазар и исплатливоста на инвестициите.
За ова се разговара во третото видео од емисијата „Chamber Talks“, во кое претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и д-р Ристо Јаневски ја анализираат актуелната состојба на домашниот пазар на електрична енергија, од аспект на конкурентноста, цените и квалитетот.
Јаневски посочува дека воспоставувањето на домашната берза на електрична енергија и развојот на пазарите „ден однапред“ и „во текот на денот“ претставуваат значаен чекор во развојот на енергетскиот пазар во земјава.
Сепак, масовното производство од обновливи извори отвора и сериозни економски прашања. Во периоди кога производството е високо, а побарувачката е ниска, на берзите може да се појават негативни цени на електричната енергија. Тоа значи дека производителите во одредени часови можат да треба да плаќаат за електричната енергија што ја испорачуваат во системот, наместо да остваруваат приход.
Ваквите состојби директно влијаат врз инвеститорите во фотоволтаични централи, кои при планирањето на проектите очекувале поинакви пазарни услови и цени. Во одредени ситуации, производството станува економски неисплатливо, што може да доведе и до привремено исклучување на капацитетите.
Предизвикот е како да се усогласат растот на обновливите извори, потребите на електроенергетскиот систем и економската одржливост на инвестициите.
Целата емисија „Chamber Talks“ погледнете ја во продолжение https://youtu.be/_FJRfNFAIhc?si=Xum2Z6jmDqvdhdML