„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ДУАЛЕН МОДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕ- НАЈБРЗО РАСТЕЧКА ПОНУДА ЗА СТРУЧЕН И КОМПЕТЕНТЕН КАДАР

22.04.2023

Имплементацијата на дуалниот модел на образование, за кој што се залагаше и работеше Стопанската комора со години наназад станува реалност. Ако во учебната 2019/2020 година, имаше вклучено 11 компании во овој процес, во учебната 2021/2022 година, бројот на компании порасна на 211, додека во учебната 2022/2023 година се зголеми 500 компании. Паралелно со растот на вклученоста на бројот на компании во процесите на стручно образование, растеше и бројот на запишани ученици и бројот на паралелки во кои се реализира дуално образование. Ако во учебната 2020/2021 бројот на запишани ученици изнесуваше 98 ученици во 11 дуални паралелки, во учебната 2022/2023 година, бројот на запишани ученици достигна 2763 ученици во 225 дуални паралелки.

За предизвиците и амбициите и какви се бенефитите за компаниите вклучени во дуалното образование, говори м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во Комората  во емисијата ВИН-ВИН  на Телма.