„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од асоцијациите

ПРЕКУ СИНЕРГИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА И ИФЦ ДО ПОГОЛЕМА АФИРМАЦИЈА И НА МЕДИЈАЦИЈАТА ВО СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ

28.04.2023

СТОПАНСКАТА КОМОРА И ИФЦ ОДРЖАА ШЕСТ БЕСПЛАТНИ ПРЕДАВАЊА ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД 120 ФИРМИ НА ТЕМА:" МЕДИЈАЦИЈА И РАНИ ЗНАЦИ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАСТАНУВАЊЕ ИНСОЛВЕТНОСТ"

д-р Јелисавета Георгиева Јовевеска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Национален координатор за медијација и експерт за медијација во РСМ
“Од користењето на медијацијата може да се има само корист. Таа претставува најбрза, најефтина и најефикасна алатка за алтернативно решавање на споровите. Посебно за бизнис споровите е многу поволна бидејќи учесниците остануваат во добри деловни односи, сите страни се задоволни од исходот на постапката, постои доверливост на самата постапка, ниедна информација која се споделува не излегува во јавноста, загарантирана е правичноста на страните и што е најважно се расправа за интересите на страните, а може да се реши и некој иден спор кој во моментот не ни бил предмет на размислување. Затоа, не треба да се чека да се превземе нешто кога за тоа ќе биде нужно во конкретниот случај да се користи медијацијата кога ќе бидеме во "невоља", туку треба да се искористат добрите алатки навремено и паметно”.
Дејан Костовски , правен консултант во проектот на Меѓународна Финансиска Корпорација, групација на Светска Банка-„ Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“.
“Во предлог Законот за инсолвентност цели те на системот за рано предупредување се овозможување то на должниците рано да ги препознаат финансиските потешкотии и навремено да превземат и спроведат постапка заради надминување на идната инсолвентност како и навремено информирање на доверителите заради пре в земање на сооодветни мерки. Многу корисно од секаков аспект за компаниите ќе биде вклучувањето на Комората во поддршка при финансиско реструктуирање на компаниите доколку кај нив се појави одредена финансиска потешкотија  .
проф.д-р Мирослав Кнежевиќ, експерт за медијација од Црна Гора, правен консултатнт на ИФЦ
“Да се согласите да одите на медијација значи и да бидете спремни активно да учествувате во решавање на сопствениот проблем. Страните во суд дозвилуваат на друг да го реши нивниот проблем, додека во медијација самите се креатори на иднината на проблемот. Луѓето не се во спор, туку во спор се нивните желби, очекувања, цели и поставувања. Во медијацијата предмет на решавање на спорот е заедничкиот интерес кој страните сакаат да го постигнат. Затоа, не треба да бидеме инфериорни туку треба навремено да превземеме акција и преку медијација да ги поттикнеме страните да го решат проблемот сами при тоа уважувајќи ги сите околности кои довеле до спорот ”.
м-р Милена Тадировиќ, експерт за медијација во Србија, директор на Центарот за конструктивно решавање на споровите, Србија
“Клучни предности на медијацијата во стопанските спорови се : вклучување на неутрална трета страна-медијатор, мирно решавање на спорот, комуникација помеѓу страните, подобрување на односите, добивање на оптимално решение и помалку предмети за судовите. Фокусот на медијацијата не е да го утврдува правото, односно да утврдува дали побарувањата на едната страна се основани или не. Медијацијата ги дефинира потребите односно, интересите на страните во спорот, а тоа значи дека едната страна знае дека нејзиното право е поголемо, но без оглед на тоа има интерес да го реши спорот во овој момент-сега. Пред се, на овој начин страните можат да поминат без судски трошоци, адвокати или трошоци за вештачење ”.
Заокружување на процесот на два циклуси на шест бесплатни предавања во заедничка организација на Стопанската комора и ИФЦ
Во рамките на првиот циклус предавања одржани на 17,18 и 22 ноември 2022 година во Скопје, Штип и Струмица, како и деновиве, во рамките на вториот циклус предавања одржани на 25, 26 и 27 април 2023 година, Стопанската комора на Северна Македонија и Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) одржаа бесплатни предавања пред бизнис заедницата на тема: “Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност и користење на медијацијата во решавање на стопанските спорови”.
 
На сите шест предавања присутни беа повеќе од 120 фирми. На предавањата беше промовирана и дистрибуирана и Бошурата за медијација-второ издание, испечатена со поддршка на ИФЦ.
Предавачи на предавањата беа: д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Национален координатор за медијација, Дејан Костовски, правен консултант во проектот на ИФЦ за „Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“, додека на последните две предавања се вклучија и проф.д-р Мирослав Кнежевиќ, експерт за медијација од Црна Гора, правен консултант на ИФЦ и м-р Милена Тадировиќ, експерт за медијација во Србија, директор на Центарот за конструктивно решавање на споровите, Србија.
Во оваа прилика Стопанската комора на Северна Македонија јавно се заблагодарува на Меѓународна Финансиска Корпорација, групација на Светска Банка, за поддршката и партнерството во насока на поголема популаризација и афирмација на медијацијата во нашата држава. Соработката со ИФЦ ќе следи и во следниот период.
Во иднина Комората со партнерските институции продолжува со активности за уште поголема афирмација на медијацијата во нашата држава.
Ги потсетуваме сите заинтересирани страни, дека повеќе информации околу самата постапка на медијација, препорачаните обрасци за почетокот на медијацијата и се останато поврзано со постапката можат да најдат на интернет страната на Стопанската комора на Северна Македонија (во делот на активности и документи на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата-АПМ) , а за листата на лиценцирани медијатори можат да се информираат освен на страната на Стопанската комора и на веб страните на Комората на медијатори на РСМ како и на Министерството за правда на Република Северна Македонија.