„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Клубот на извозници со избор на двајца потпреседатели од редовите на реномирани домашаните извозни компании ги зајакнува своите капацитети

02.05.2023

Во функција на зајакнување на кадровските капацитети и унапредување на активностите за поддршка и промоција на македонскиот извоз на странските пазари, Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија на седницата одржана на 28.04.2023 година избра двајца потпретседатели – Анатол Кутревски генерален директор на Пекабеско АД Скопје и  Радош Вукиќевиќ генерален директор на Тиквеш АД Кавадарци.  И двајцата се искусни менаџери во едни од најреномираните компании во нашата земја.

Пекабеско има 40 годишна традиција, а нивните производи се знак на препознатливост на македонскиот квалитет и на трпезите во речиси сите земји од регионот и пошироко во Европа.

Винарска Визба “Тиквеш” е реномирана домашна извозна компанија со изграден бренд и врвен квалитет на вина присутна во многу региони и земји низ светот.
Како и досега и во наредниот период, приоритет на Клубот на извозници при Стопанска комора на Северна Македонија ќе биде креирање и спроведување на активности за унапредување на извозот, зајакнување на извозните потенцијали на домашната економија, поттикнување на конкурентноста на извозно ориентираните домашни компании и освојување на нови пазари преку активна промоција на македонските извозни компании и производи.