„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

СО ПОДДРШКА НА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ДО ПОГОЛЕМА ВИДЛИВОСТ, ПРОМОЦИЈА И ЈАКНЕЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

11.05.2023

Стопанската комора на Северна Македонија, преку проектот што го спроведува во партнерство со УСАИД за Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција, во низата предлози и иницијативи за поддршка на домашните извозни компании, им овозможи учество на три домашни компании од прехранбениот сектор: „Агро фила“-Штип, „Интегромакс“ – Пробиштип и „Аронија Здрава Храна“ – Скопје, на реномираниот меѓународен саем за храна и пијалаци „Tutto Food кој се одржува од 8-11 мај во Милано Италија.     

Оваа година на саемот „Tutto Food“ Милано има повеќе од 2.500 изложувачи од 45 земји и пријавени над 700 купувачи од повеќе од 75 земји од целиот свет, што претставува одлична можност за една извозна компанија да ги претстави своите производи пред потенцијални купувачи од странство. Дополнително, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во делот за маркетинг и промоција имаше закупено национален штанд за 9 македонски извозно ориентирни компании од прехранбениот сектор.

Потребата за поддршка на македонските компании во доменот на извозна промоција не само што е препознаена од Комората, туку веќе и со конкретни чекори се реализираат преку поддршка на домашните компании за учество на меѓународни саеми кои се од интерес за различни сектори.
Градењето на извозните капацитети, поттикнување на конкурентноста, регионализација и интернационализација на македонските извозни компании се основните цели кои тимот на проектот Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција планира да реализира, преку учество на меѓународни саеми, Б2Б средби, организирање на купувачки мисии и други форми на промоција кои ќе придонесат за поголема присуство како на традиционалните пазари, така и прошируавње на нови пазари.
УСАИД ја подржува Стопанската комора на Северна Македонија за подобра интеграција на бизнисите во регионалните и глобалните вредносни синџири и засилување на нивниот капацитет за да бидат конкурентни на Западниот Балкан и пошироко во ЕУ преку Проектот “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”. Идејата е да се создадат алатки за јавно-приватен дијалог, промоција на придобивките од регионалната економска интеграција на деловната заедница, истражување и унапредување на можностите за извоз и обезбедување одржливи услуги за извозните компании.