„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Претседателот Азески во комората на средба со директорката на AХК Северна Македонија, Антје Ванделт

02.06.2023

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и извршниот директор на комората Антони Пешев остварија работна средба со Антје Ванделт  директор на АХК Северна Македонија, која е дел од мрежата на германските стопански комори во странство.

Средбата беше остварена во насока за меѓусебно запознавање, но и информирање за тековните проекти на Стопанската комора и АХК Северна Македонија, како и за можностите за остварување на соработка на конкретни проекти како позиционирање на компаниите од Северна Македонија во глобалниот синџир на снабдување, дигитализација, сузбивање на сивата економија, зелена енергија.