„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од асоцијациите

СЕ ПОВРЗУВАМЕ СО БЕРЛИНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА МЕДИЈАЦИЈА-ИСКОРИСТЕТЕ ГИ БЕНЕФИТИТЕ ОД МЕДИЈАЦИЈАТА!

07.06.2023

Националниот координатор за медијација, претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Северна Македонија и потпретседател на Стопанската комора, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, заедно со дел од членовите на Националниот совет за медијација, проф.д-р Љупчо Сотироски и Ивана Талевска-Трендафилова, на 07.06.2023 година, остварија средба со генералниот директор на Берлинскиот центар за медијација, Кристоф Литман кој воедно е и медијатор и кој на состанокот беше придружуван од Елмар Лангнер медијатор и програмски менаџер на Центарот за БиХ како и Мерјем Нурикиќ Хањета, проект координатор на Берлинскиот центар за медијација со седиште во Босна.

Целта на средбата беше запознавање со работата на Националниот совет за медијација како Владино тело на РСМ како и со активностите кои Асоцијацијата за поддршка на медијацијата ги прави во делот на афирмација и популаризација на медијацијата во нашата држава.
Националниот координатор за медијација, д-р Георгиева Јовевска ја потенцираше важната улогата на медијаторите, институциите и сите домашни и меѓународни институции кои синергично работат во насока на поголемо претставување и користење на бенефитите од медијацијата. Меѓутоа таа исто така го потенцираше фактот дека и покрај сите бенефити кои медијацијата ги нуди на компаниите или на сите други заинтересирани страни, како што се ефикасноста, брзината на постапката, намалување на стресот, останување во добри односи со другата страна и уште многу други поволности, сепак искористеноста на медијацијата во нашата држава може и мора да се подобрува преку разни облици на промоција. Активности што впрочем се превземаат и од Националниот совет за медијација и од Асоцијацијата за поддршка на медијацијата. Проф. Д-р Љупчо Сотировски подвлече дека Националниот совет за медијација има одлична соработка со сите чинители во нашата држава и дека во следниот период треба директно да се насочиме во размена на добри практики и студии на случај кои како успешни се покажале во развиените земји и кај кои проценторт на користење на медијацијата е многу поголем, пример како што е тоа во СР Германија.
Од страна на г-динот Литман беше потенцирано дека како институција се заинтересирани за соработка и дека во следниот период ќе ги детектираат сите полиња на кои со заедништво а искористувајќи ја нашата професионалност, знаење и можности со цел да се направат подобри резултати во сегментот на медијацијата. Тој нагласи дека од сите средби кои ги оствариле со различни институции од РС Македонија може несомнено да се потврди дека во нашата земја има одлична база за промоција на медијацијата, има добра легислатива односно законски основи во кои рамки е утврдена можноста за работа со медијација, има експерти и медијатори кои добро ја извршуваат својата работа, а сепак може повеќе да се направи во делот, страната пред која се презентира медијацијата да се увери и да поверува дека токму таа алатка-медијацијата за него е најкорисна во дадениот момент.