„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Одржана презентација од наодите на тема: „Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан-ИОБ“

26.06.2023

Центарот за економски анализи- ЦЕА во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, денес во просториите на Комората, пред претставници од бизнис заедницата одржа презентација на наодите од едногодишен проект насловен: „Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан-ИОБ“.

За цели на проектот, група на независни експерти од шесте држави од регионот работат на мапирање на соработката и координацијата помеѓу државите од Отворен Балкан како и на анализа на територијалните предизвици, потребите и потенцијалите на земјите од Западен Балкан. Друга тема на истражување е и можниот административен јаз кој потенцијално ја намалува ефикасноста на постигнување на целите на Иницијативата Отворен Балкан за бизнис заедницата во текот на имплементација на договорите кои се произлезени од Иницијативата Отворен Балкан. 
На настанот беше истакнато дека меѓу земјите-учеснички во Иницијативата постои силна поддршка и истата нуди новини за регионална економска интеграција како што се: слободно движење на стоки особено во делот на безбедност на храна и прехранбени производи, интеграција за системи на наплата (M-tag); слободно движење на услуги во делот на туризмот, културата, кинематографијата и аудиовизуелната уметност;  слободно движење на луѓе и работници обезбедувајќи пристап до пазари на труд, електронска идентификација на граѓани и пристап до e-услуги), како и во други области на соработка, вклучувајќи соработка меѓу даночни органи, граѓанска и заштита на животната средина, како и енергетиката и рударството.
По направените анализи, студијата покажува дека и покрај досегашните напори, природата на меморандумите за соработка и оперативните планови е необврзувачка, што води до  отсуство на стратешки план и институционална рамка за имплементација на иницијативата. Поради тоа, потреба е поголема ангажираност од Владите на трите земји за побрза ратификација на усвоените договори во рамки на Иницијативата.
Од анализата, на настанот беше заклучено дека со цел побрза и поефикасна имплементација на Иницијативата потребно е да се работи на забрзување на имплементацијата на билатералните и мултилатералните договори кои ја олеснуваат регионалната соработка и интеграција; подобрување на целокупната транспарентност за зголемување на одговорноста и за избегнување негативни перцепции во рамките на ИОБ и надвор од ИОБ; земање предвид развој на управувачка структура кој ги опишува координацијата, имплементацијата и следењето на функциите и одговорностите на регионално и на национално ниво, како и развивање на подобро разработена визија на ИОБ за регионална економска интеграција на патот кој интеграцијата во ЕУ на Западен Балкан и подобрување на надлежноста на иницијативата со среднорочен план за развој. 
Тимот на експерти кои работат на овој проект го сочинуваат Мерита Тоска од Албанија, Аднан Черимагиќ, Босна и Херцеговина, Рамадан Иљази, Косово, Институт за претприемништво и економски развој, Црна Гора, Центар за економски анализи- ЦЕА и Стефан Ристовски од Северна Македонија и Центар за напредни економски студии од Србија.