„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија и СПАТУМ заеднички за поддршка на иновации и иницијативи кои значат напредок, развој и додадена вредност за стопанството

26.10.2023

“44-та Меѓународна изложба МАКИНОВА 2023” и “21-ва Меѓународна изложба ЕКОНОВА", од 10 до 12 ноември 2023 година во Берово

Потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, на 26.10.2023 година оствари средба со извршниот директор на Народна техника на Македонија, Перо Митрев како и со претставникот од Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ, Слободанка Трајковска која е и координатор на саемот на иновации МАКИНОВА И ЕКОНОВА.
Тема на средбата беше претстојната “44-та Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво-МАКИНОВА 2023 и 21-вата Меѓународна изложба за еколошки иновации и истражувачки проекти, ЕКОНОВА 2023 кои ќе се одржат во периодот од 10 до 12 ноември 2023 година во Берово. Настанот им овозможува на сите иноватори да ги презентираат своите пронајдоци и научни истражувања а истовремено претставува платформа за размена на искуства и визии. Георгиева Јовевска во името на Стопанската комора на Северна Македонија изрази подготвеност да даде поддршка на сите иницијативи кои значат напредок, развој и додадена вредност за стопанството.
Инаку, Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ е носител на јавно овластување за вршење на дејности во областа на техничката култура. Една од најзначајните активности за анимирање и промовирање на иновативното творештво во Македонија која СПАТУМ ја организира се настаните МАКИНОВА И ЕКОНОВА.
Стопанската комора е традиционален партнер на СПАТУМ која доделува награди на најуспешните иновации во нашата држава.
Ги информираме компаниите дека СПАТУМ има објавено конкурс за “44-тата Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво-МАКИНОВА 2023” и 21-вата Меѓународна изложба за еколошки иновации и истражувачки проекти, ЕКОНОВА”.<
Во прилог на оваа информација можете да ги најдете линковите до Поканата и Пријавите за МАКИНОВА И ЕКОНОВА. Крајниот рок за доставување пријавите до организаторот е 03.11.2023 година, додека иформации за прифатените теми ќе добиете од организаторот-СПАТУМ до 06.11.2023 година.
Линкови до Поканата и Пријавите: