„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ-ИНВЕСТИЦИЈА ВО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И МОЖНОСТ ЗА КРЕИРАЊЕ ПОТРЕБЕН КАДАР

28.11.2023

Од гостувањето на м-р Наташа Јаневска на МРТВ

Стручното образование ќе ја оправда својата цел доколку младите во текот на образовниот процес се доволно подготвени за да може по завршувањето на образованието да бидат функционални на пазарот на трудот. Дуалното образование е најефикасниот начин за обезбедување стручен кадар, кое нуди можност и реалниот сектор активно да биде вклучен во образовниот процес и да го подготвува кадарот според своите потреби. Теоријата е важна, но практичната обука во компанија, на реално работно место, уште повеќе има додадена вредност за стекнување на стручните, но и трансферзалните вештини кај учениците.
Недостатокот на кадар е сериозен проблем со кои се соочува реалниот сектор, а недостатокот на вештини е карактеристичен во сите региони и во сите дејности. Стопанската комора прави напори да излезе во пресрет на барањата на реалниот сектор за потребните вештини преку формалното образование со поддршката на компаниите да се вклучат во образовниот процес и преку неформалното образование со процесите на преквалификација и доквалификација.
Целото интервју од гостувањето на м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во стручната служба на Стопанската комора и претседател на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, можете да го погледнете на видеото во текстот.