„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПРОМОЦИЈА НА НОВ ФИНАНСКИ ИНСТРУМЕНТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

18.12.2023

Стопанската Kомора на Северна Македонија ве поканува да присуствувате на промотивниот настан за програмата за зелено финансирање ГФФ Македонија која ќе се одржи на 20 декември 2023 година во 12:00 часот, во Скопје, во просториите на Стопанска Kомора на Северна Македонија.

ГФФ Македонија е кредитна линија која се состои од две компоненти – за мали и средни претпријатија и за население.
Сегментот за мали и средни претпријатија го спроведува ЕБОР која обезбедува до 30 милиони евра финансирање за инвестиции на МСП во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, преку партнерските банки и лизинг компании.
Програмата е поддржана од: (i) техничка помош, која е бесплатна за МСП и (ii) грант од 5-10%, во зависност од видот на проектот. Овие елементи се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија и Фондот за ЦОР, преку Програмата за развој на Обединетите нации.
Добредојдени сте да ни се придружите на овој настан, да ги дознаете деталите за овој нов инструмент на македонскиот пазар.
Ве молиме пријавете се кај контакт лицето: Антонета Манова Ставреска, antoneta@mchamber.mk