„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ОДРЖАН НАСТАН НА ТЕМА: МЕХАНИЗАМ ЗА ЈАГЛЕРОДНО ГРАНИЧНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО СЕКТОРОТ ЖЕЛЕЗО И ЧЕЛИК

20.12.2023

Како дел од активностите на двата УСАИД проекти: „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“ и „Партнерства за економски раст“, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија се одржа информативен настан на тема „Механизамот на ЕУ за јаглеродно гранично прилагодување: Концепт, имплементација и предизвици“, во коорганизација со Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо.

Преку настанот компаниите подетално се информираа за Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (Carbon Border Adjustment Mechanism – CBAM) за имплементација во секторот железо и челик  и тоа за: барањата и постапките поврзани со имплементацијата на Механизмот во нивниот сектор, и што тие треба да направат за истите да ги исполнат и непречено да ја продолжат својата деловна соработка со европските партнери. 

Индустријата за железо и челик како доста засегната гранка има значително учество во македонскиот извоз во ЕУ и вклучува многу домашни компании во моментов се соочуваат со предизвикот да го разберат начинот на функционирање на Механизмот и да го усогласат своето работење со новите правила за настап на европскиот пазар.

Г-дин Денис Иванов од Хрватска, консултант за технолошки процеси/инсталации и акредитиран верификатор за емисии на стакленички гасови (GHG) и Системот за тргување со емисии на ЕУ (EU ETS - Emissions Trading System) пред присутните детално ги претстави: постапката за известување, како и правилата и барањата на Механизмот во контекст на секторот за железо и челик и нивна имплементација на долг рок.