„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

УЧЕНИЦИТЕ НА ПРАКТИЧНА ОБУКА - ИДЕН КАДРОВСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ

21.12.2023

 

Стручното образование ја добива својата димензија само доколку деловните субјекти може веднаш да го вработаат кадрот кој излегува од образовниот процес без притоа дополнително да вложуваат во него. Тоа бара партиципативност од сите заитересирани страни во процесот: и од страна на образовните институции, и од страна на деловните субјети, и од страна на учесниците во обуката.
Хотелот „Силекс“ од Кратово (Хотел „Кратис“, Кратово) ја согледа можноста преку практичната обука да креира сопствен кадар и затоа вложува во подготовката и обезбедувањето стручни и организациски вештини кај учениците. Хотелот има долгогодишна традиција во соработката со СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово и добри практики во процесот на  реализација на практична обука на ученици од стручното училиште за квалификацијата угостителски техничар за рурален туризам. Реализацијата на практичната обука на реално работно место е добра алатка за развивање на широк спектар на вештини. Учениците учат нови стручни вештини и истовремено ги надградуваат меките вештини кои ги поседуваат, а сето тоа може да им помогне во личниот и работниот живот подоцна.
Процесите нема да имаат додадена вредност доколку фокусот не се стави на квалитетот во реализацијата на практичната обука, а тоа беше препознаено од раководниот тим на  Хотелот „Силекс“ од Кратово (Хотел „Кратис“, Кратово) кои обучија ментори за реализација на практичната обука и ја верификуваа компанијата за практична обука.
Верификацијата на компанијата Хотел „Силекс“, Кратово, како и обуката и сертификацијата на менторите беше реализирана од страна на Стопанската комора која се грижи за квалитетот на реализацијата на практичната обука на учениците во компаниите преку едукација од обучени и искусни ментори и обезбедени услови, простор и опрема во согласност со квалификацијата за која се стекнуваат вештините и компетенциите.  
Хотелот „Кратис“, Кратово е угостителски објект кој се наоѓа во центарот на градот Кратово и располага со капацитет од 23 соби и 3 конференциски сали. Хотелот Кратис претставува спој на традиционалното со модерното, спој на руралното со урбаното, спој на квалитетот со професионализмот.