„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

БЕЗ ОДРЖЛИВА ДЕСТИНАЦИЈА НЕМА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ

11.11.2024

Чекори за интензивен економски раст и унапредување на извозот преку туризам

И покрај неколку годишните кризни години од 2020та година (со мултиплицирање на кризата во различни форми), во кои туристичкиот сектор имаше сериозно негативни реперкусии поради разни видови на ограничувања, туризмот останува атрактивен и сериозен фактор во меѓународната трговија и еден од главните извори на приход за многу земји во развој.

Следејќи ги трендовите, на туризмот се гледа како на глобален феномен и стопанска гранка која брзо се развива, а патниците се повеќе бараат туристички практики кои имаат одржливост и се соодветно одговорни. Во таа насока и македонската туристичка индустрија доколку има за цел да ги користи економските бенефити од дејноста потребно е да ги прати светските трендови, кои во поново време акцентот го ставаат и на развојот на зелени дестинации и инвестирање во одржлив туризам, согласно новите трендови за патување кои покажуваат дека перцепцијата на туристите се менува, односно се поголем број туристи кои патуваат ширум светот приоритет даваат на своите навики за патување кои ќе имаат позитивно влијание врз планетата и локалните заедници.

Бројките насочуваат на впечаток дека секторот не е препознаен како економски систем во Република Северна Македонија. Активностите на ниво на држава преку надлежните институции засега делуваат како симулација која служи како параван со цел затскривање на реалните состојби. Политиката на поддршка и промоција на РС Македонија не успеа да овозможи видливост на дестинацијата на меѓународниот пазар на туризмот во период кога истовремено конкурентните дестинации ја зајакнуваат својата позиција и конкурентност што дополнително ја намалува нашата конкурентна способност и рејтинг. Оттаму произлегува потребата итно да се испорачаат опипливи политики на поддршка и промоција на дестинацијата како не би се нашле во целосно подредена положба во однос на основните конкуренти.

Анализата за туризмот од перспектива на бизнисот за магазинот „Економија и бизнис“ ја пренесува Ана Таневска Ѓорѓиевска, претседател на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора. Целата анализа на следниот линк: https://ekonomijaibiznis.mk/Magazine.aspx?id=6138