„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Можност за соработка на македонските компании со Пристаништето во Кавала, Грција

11.11.2024

Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министерството за транспорт и врски на РСМ, во насока на отворање на нови можности на компаниите во државата,  остварија средба со претставници на Пристаништето во Кавала, Република Грција.

На средбата, потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Јелисавета Георгиева Јовевеска и извршниот директор на Пристаништето во Кавала, Ангелос Влахос, ги разгледаа поволностите кои им се нудат на македонските компании за користење на услугите на пристаништето во Кавала.

Извршниот директор Влахос ги презентираше можностите кои ги нуди пристаништето во Кавала кое во моментот е во државна сопственост, и за кое постои план на почетокот од наредната година да се приватизира. Влахос информираше дека пристаништето  располага со капацитет кој може да ги задоволи потребите на компаниите, со побрза и конкурента услуга за секаков вид на транспорт, со исклучок на контејнерскиот.

Влахос изрази подготвеност да оствари средба со претставници на македонските компании во насока на започнување и остварување на потенцијална соработка.

Во таа насока ги покануваме сите заинтересирани компании на директна средба со директорот на Пристаништето Кавала и неговиот тим во четврток, 14.11.2024 година во Стопанска комора на Северна Македонија, сала на 3 кат во периодот од 16.00 до 18.00 часот на која средба директно ќе бидат презентирани сите детали и услови под кои може да се соработува со ова пристаниште.

Лице за контакт: Јадранка Аризанковска, тел. 072/236-711, e-mail: jadranka@mchamber.mk