„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
18.11.2024
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.
На средбата беше истакната важноста на досегашната добра соработка и големиот неискористен потенцијал за натамошно зајакнување на економските односи меѓу двете земји. Во оваа насока, претседателот Азески и амбасадорот Ле Риголер се договорија да преземат конкретни чекори за проширување на соработката преку зголемување на инвестициите и трговската размена.
Во рамките на овие активности, Стопанската комора ќе го реактивира Деловниот бизнис клуб за соработка со Франција и франкофонските земји. Овој клуб ќе биде клучен инструмент за привлекување на француски инвестиции и унапредување на трговските односи, со што ќе се создадат нови можности за македонските компании.
Претседателот Азески истакна дека македонските компании и иноватори се подготвени и мотивирани за настап на европските пазари, користејќи ја својата конкурентност и иновативност за постигнување поголем успех.
Од своја страна, амбасадорот Ле Риголер ги охрабри македонските компании да ја зголемат својата активност на францускиот пазар, преку барање на добавувачи, партнери и учество на саемски манифестации во Франција. Амбасадорот ја потврди подготвеноста на француската амбасада да обезбеди поддршка и релевантни информации за компаниите што ќе се решат на овој чекор.