„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.03.2025
Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески одржа работна средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во просториите на општината. На средбата се разговараше на повеќе теми, значајни за бизнисот и општините. Стана збор за проблемите на бизнисите, децентрализацијата и инвестиционата активност на општините. Интересот на најголемата и најзначајна бизнис организација е инвестиционата активност да се пренесе низ целата држава, со што ќе се овозможи зголемен раст на бруто домашниот производ, како и остварување на целите од континуирано зголемување на растот, со што пак ќе се возможи поголем стандард за граѓаните и развој на компаниите.
Стопанската комора ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во правец на остварување на раст над 4%, градење на правна држава, како и владеење на принципите на пазарната економија.