„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Публикации на Стопанската комора на Северна Македонија

  • Дома
  • За нас
  • Публикации на Стопанската комора на Северна Македонија

Образование

team-2

09.02.2022

УПАТСТВО ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА


Упатството е изработено од работната група за учење преку работа, на иницијатива на Стопанската комора на Северна Македонија, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, со поддршка од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк)“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation). 

team-2

01.02.2022

ВОДИЧ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈА НА НОВА КВАЛИФИКАЦИЈА


Вработливоста, обично, подразбира збир на постигнувања, вештини, разбирања и лични особини, кои на поединците им овозможуваат со поголема веројатност да добијат вработување и да бидат успешни во своето занимање, од што имаат придобивки самите тие, работодавците, општеството и економијата. Вработливоста не е производ, туку процес на учење и продолжува да се развива затоа што носителот на квалификацијата, еднаш вработен, не престанува да учи.

Соодветно квалификуваната работна сила е важен фактор за конкурентноста и за продуктивноста на претпријатијата, како и нивниот потенцијал да внесуваат иновации, како одговор на нови и развојни барања за производи и за услуги. 

team-2

21.12.2021

КОНЦЕПТ ЗА РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ МЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ПРОГНОЗИРАЊЕТО ЗА ПОТРЕБНИТЕ ВЕШТИНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ


За да се поддржи забрзаниот економски развој, кој треба да придонесе земјата да излезе од групата на земји во развој и понатаму да се доближува кон нивоата на земјите од Европската Унија, неопходно е да се обезбеди ефикасен одговор на побарувачката на вештини на пазарот на трудот со соодветна понуда. Неопходно е да се оформи кохерентен систем на информации потребни за следење и за прогнозирање на понудата и на побарувачката на вештини на пазарот на трудот. 

team-2

30.07.2021

АНАЛИЗА НА ПОНУДАТА И НА ПОБАРУВАЧКАТА НА ВЕШТИНИ ВО ПЕТ ПЛАНСКИ РЕГИОНИ


Економска основа за воспоставување регионални центри за стручно образование и обука

Оваа анализа е подготвена за потребите на Министерство за образование и наука, како дел од активностите на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк)“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и за соработка. 


Контакт лице: Стево Серафимов

Телефон: + 389 2 3244032,
Мобилен: 072 236 484
Е-адреса: stevo@mchamber.mk